Хаос на мирната планета – Cry Havoc рецензија

Оваа недела, а после серија игри за забава кои се достапни за секој тип на друштво, започнувам серијал со игри од тип контрола на територии. Па соодветно, како што е и во мој стил, почнуваме со игра која изобилува со прекрасна уметност, и одлична продукција. Доаѓа од издавачот Portal, кои на чело со Игнаси Тржевичек во последните неколку години продуцираат феноменални наслови и на ниво на забава, и на ниво на стратегија и секако на ниво на продукција. Играта е дизајнирана од страна на тим дизајнери и тоа: Грант Родиек,  Михал Орач и Михал Валчак. Играта главно трае 60–120 минути и е за 2-4 играчи.

Базиран на прекрасната уметност од видео играта Crysis, насловот Cry Havoc не воведува како експлоататори на една мирна планета. Сите ние сме претставници на различни раси кои поприлично истовремено ја откриваат мистериозната планета имаат за цел од неа да екстрактираат што е можно повеќе кристали, кои се основниот ресурс на играта и кој е главниот извор на поени на крајот на играта. Целта е да ја водиме нашата раса, да освоиме што е можно повеќе територии, да екстрактираме што повеќе кристали и да ги завладееме најбогатите територии полни со тие кристали.
Играта е типична игра со контрола на територии, која преку тактичко играње на карти и асиметрични моќи на расите, и елементи на deck-building, како и феноменално тактички борби, ќе ви пружи епско задоволство во битката за доминација на планетата.

227381_Cry_Havoc_A3

Тек на играта

Играта се игра во максимум од 5 рунди, и во секоја рунда ќе има нови настани, и секој од играчите ќе преземе по 3 акции. Во акциите имаме опции за тактичко движење низ регионите на планетата, регрутирање на нови фигури (војници), како и градење на најразлични структури кои се автентични за расата која ја играме. Играта е за 2-4 играчи а идеална е според мене за 3ца. Расите на располагање се луѓето, машините и светите патници (аџии – Pilgrims). Исто така, кога се игра со 4 играчи опција за играње е и расата Трогови, која е домородната раса на силни суштества на планетата, кои не се многу интелегентни но имаат за цел да ја зачуваат својата планета, територија и нејзините скапоцени ресурси.

pic3088449.jpg

Секој играч пред себе има свое мини табло со шпил тактички карти на расата, и група градби кои после градењето на мапата, дозволуваат активација за цели за расата со цел побрза експлоатација на ресурсите и освојувањето на територии.

pic3096509 Интересното е што низ рундите, иако освојувате и генерирате кристали, не добивате поени (освен на крај на 5тата рунда), освен ако сами не го активирате поентирањето со специјална карта (1 по раса) која сите раси ја имаат во својот шпил. Исто така, тактичките карти преку разни симболи ви дозволуваат 3 типа основни акции – движење, регрутирање нови фигури на мапата и секако, градење на зградите и нивно активирање. Секоја од расите е целосно асиметрична една од друга. Но, постојат и неутрални теренски тактички карти кои главно помагаат во борбата меѓу играчите за територии. Со помош на акциите кои ви се на располагање низ играта, таквите теренски карти ги додавате во шпилот на расата и го дополнувате со можни дополнителни опции и моќни карти за борба.

Во борбата помагаат и бројноста на фигурите кои ги имате нормално, но и секако главна поддршка во борбата се зградите што ги градите. Па така – луѓето брзо се експандираат во контролата на териториите, и најбрзо освојуваат и со минимум сили. Машините брзо се множат и градат феномемално брзо, додека пак патниците имаат за цел целосна експлоатација на ресурсите т.е. кристалите за своја полза. Троговите кога се играат од 4ти играч, се силни освојувачи и бранители на територијата и за нив кристалите не поентираат супер ефективно, но тоа тие го надокнадуваат со сила и контрола врз териториите.

Супер тактичка и интересна е резолуцијата на битките. Имено имате мини табла на која напаѓачот и бранителот поставуваат сили во едно од 3 полиња: Освојување на територијата, Земање на заложници, Уништување на противничките сили. Битките се дополнвуаат со играње на карти со специјални ефекти од тактичките карти од теренот на битките како и карти на основниот ваш шпил за расата. Заложниците долгорочно носат поени на оној кој ги има, и им носат негативни поени на расите на кои им припаѓаат. Троговите пак, како специјална домородна раса се играат со специјални токени доколку играте со помалку од 4 играчи. Па и со помалку од 4 играчи освен што треба да тактизирате во битките со противниците треба и да се борите против таа домородна раса, која кога сте вие напаѓач, ја контролира еден од вашите противници во битките. Успешната борба и контрола врз териториите носи поени. Убиените противнички единици носат исто така поени, како и заложниците кои ги имате од рунда во рунда.

Cry-Havoc-Battle-Board.jpg

Играта на тој начин е тактична и во делот на движење низ територии богати со кристали, во борбата за освојување на истите, па дури и во делот на поентирањето. Имено, ако поентирањето е неутрално, секој добива поени за кристалите кои ги има во териториите кои ги контролира. Доколку поентирањето е активирано од некој од играчите, тогаш тој играч дополнително добива и поени по територија што ја контролира, покрај кристалите во нив. Секако асиметричноста на расите пак, додава во стратегиите како најбрзо и најефективно да стигнете до доминација. На крајот на играта после 5 (или помалку – со варијанта) рунди, победува оној кој има најмногу поени.

Заклучок

Cry Havoc е одлична тактичко-стратешка игра. Расите се одлично тематски изведени и фактот што се целосно асиметрични го прави внесувањето на играта, тематски, на секој од играчите – незаборавно. Ако сакате игри со контрола на територии и тактична битка на повеќе нивоа – тогаш оваа игра нема воопшто да изненади. Иако некогаш рундата на борби знае да се одолговлечи, сепак неизвесноста што борбите ја носат во играта надоместува за времето. Елементите на дополнување на шпилот на расата, многу тактички носат длабочина на играта и оној тип на стратегија која ќе ја изберете да ја играте. Прекрасниот изглед од фигури, до таблата за играње, па се до картите и феноменалниот artwork во целост, ве воведуваат во еден прекрасен свет полн со немири и натпревар за превласт. Играта ви дава атмосфера на неизвесност, посебно во однос на стратегијата на поентирање во одредени моменти кога играчите не го очекуваат тоа. Настаните се тематски, кристалите се интересни во случајноста на нивно појавување така што ќе треба во тек на играта многу да се прилагодувате во функција на превласт и во функцијата на стретегијата на расата која ја играте.

Интензивни битки, одличен стратешко-тактички стил на игра, и прекрасна атмосфера. Контрола на територии со еуро механизми и прекрасен artwork ? – Секогаш нешто што го препорачувам за понапредните гејмери и гејмерки!

Играта можете да ја најдете во продавницата на Гоблин или на нивната онлајн продавница.

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s