На која “Тајна Служба” и припаѓате вие? – Рецензија на “Secrets”

Доколку сакате брзи игри полни со скриени информации и социјална дедукција, останете во наредните 2-3 минути пред мониторот и дознајте кој е КГБ, кој ЦИА, а кој е Хипик, во одличната соработка на Ерик Ленг и Бруно Фајдути и нивната игра “Secrets”.

Преглед на играта

“Secrets” е игра на скриени идентитети, социјална дедукција и интриги, за 4-8 играчи од издавачот Repos Production. Во неа преку механизми на манипулација со улоги и интригирачки блеф игри со карти, играчите играат во тим ИЛИ играат сами за себе во зависност од нивната улога, и на тој начин имаат различни сценарија за победа.

Secrets2.png

Сетингот на играта е за време на Студената војна (60-70ти години од 20 век). Дел од вас ќе бидат припадници на ЦИА, дел на КГБ, а некои од ваш ќе бидат пацифисти – Хипици. На почетокот на играта секој играч добива чип со припадноста. Целта на играчите од дадените тајни служби  (КГБ, ЦИА) преку манипулирање со улогите и картите за акции, е на крајот на играта како ТИМ сите заедно да имаат повеќе поени од противницчкиот тим …. Но внимавајте, ако го оставите ХИПИКОТ (секој Хипик игра сам за себе), да има најмалку поени како индивидуа на крајот од играта, тој ќе ви ја украде победата благодарение на неговата пацифистичка победа.

Тек на играта

На почетокот на играта секој од играчите ќе знае некоја информација во однос на припадноста на себе/или другите играчи околу него во зависност од бројот на играчи во играта. Припадноста на играчите се бележи со чиповите на припадност што стојат пред секој играч и се делат на почеток на играта.

Chars1

Потоа еден играч ќе биде Прв играч и тој прв кај себе го добива шпилот со акциски карти (кои имаат улоги и поени на влијание). Улогите се: Двоен Агент, Политичар, Научник, Новинар, Детектив, Дипломат, Платен Убиец, Психијатар. Сите тие носат број на поени (негативни или позитивни) кога ќе ги ставите во своето табло пред себе. Исто така секоја карта има специјална акција која ја правите ВЕДНАШ ако картата влезе во вашето табло.

Chars2

Во текот на играта играчот кој е на ред, ги влече и покажува на сите други играчи, 2те горни карти од шпилот. Потоа, тајно избира една и ја нуди на еден (избран по негова желба), играч. Избраниот играч може да донесе одлука да ја прифати картата. Доколку ја прифати ја прави акцијата на картата и ја става во неговото табло. Доколку избере да ја одбие (доколку не му верува на оној што му ја нуди), тогаш таа останува кај играчот кој е на ред (кој ја нуди) и тој ја става во своето табло, и ја прави нејзината акција.

Акциите зависат од улогата на картата, но најчесто се базираат на промена на чиповите со улоги, на другите играчи, откривање на информации за припадноста на некој играч или својата припадност итн итн. Играта продолжува со играчот на лево од првиот играч (кој го добива шпилот акциски карти) и се така додека не биде означен крајот на играта.

Така во еден хаотичен свет на менување на припадности, и пацифисти, во дознавање и криење на информации за припадностса на поединците, вашата цел е или да се сврстите во победничкиот тим на една од силните тајни служби (ЦИА или КГБ), или, ако имате најмалку поени од сите играчи поединечно, да се заграбите до улогата на ХИПИКОТ и пацифистички да ја победите играта.

Играта завршува кога еден од играчите ќе добие 4 или 5 карти (во зависност од бројот на играчи) во своето табло.

Во играта постои и еден чип на “Обединети Нации” кој дава баланс, во однос на играчот со најмалку карти во своето табло. Тој може да го искористи чипот на Обединети нации и да даде вето на понудена карта и истата да ја земе пред себе ( во своето табло) наместо пред играчот кому му следува реално.

Заклучок

Доколку сакате игри со скриени информации, и социјална дедукција, тогаш ова е игра за вас. Играта има уникатен механизам со блеферско играње и нудење карти, во однос на игри во овој стил и е врзана за навистина интригирачка тема (Студената Војна). Иако не би ја сместил над култните Resistance, One Night Ultimate Werewolf, SpyFall или Mascarade, сепак лудориите која ги нуди истата како и нивото на дедукција се супер интересни и секогаш ќе ве држат во неизвесност. Станува збор за игра за забава и секако треба да ја сфатите како лесна по комплексност игра, и за поголемо друштво.

Играта брзо се учи, не е комплексна за разбирање и објаснување, и има одличен уметнички дизајн. Една партија трае просечно по половина час. Квалитетот на компонентите исто така е одличен.

Забавата е загарантирана, a каде на друго место можете да им “зариете нож во грб” на своите најблиски роднини или пријатели, ако не во “Secrets”? Пробајте ја и ќе видите.

 

“Secrets” можете да ја набавите во продавницата на Гоблин во Т.Ц. Буњаковец или на нивната онлајн продавница.

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s