Блиц рецензија: Kingdomino

„Kingdomino“ е добитник на Spiel Des Jahres за 2017та година!

„Kingdomino“ ја купив 2016та, на Essen Spiel. Имав слушнато за играта дури и пред да ја купам и толку беше убава, а и цената беше ниска, па не можев да ѝ одолеам 🙂 Во „Kingdomino“, ја превземаме улогата на лорд кој што бара нови места каде што може да го прошири своето кралство. Играчот мора да ги открие сите површини; полиња, ниви, езера и планини; со цел да ја одбере најдобрата позиција. Но, има и други лордови кои ги окупираат површините, доколку ги извлечат картите за истите.

20170613_114639.jpg

„Kingdomino“ е всушност класичната „Домино“, но со пресврт. Во секој круг, треба да се поврзе доминото со соодветната шара (во случајот соодветниот терен), со цел да се шири и кралството на играчот. Механиката на играта е прилично логична, сè зависи од изборот и редоследот на бирање на тајловите. Важно е да се осигурат полињата со круни, бидејќи од нив се добиваат поени на крајот на играта. Играта завршува кога секој играч има 5х5 мрежа и тогаш се бројат поените според бројот на поврзани домина и бројот на круни.

review_kingdomino.jpg

Играта е брза и одличен filler за вечерите исполнети со гејминг! Најчесто играме 3 игри и после тоа ги собираме поените, при што гледаме да играме што е можно поразлични варијанти.

BGG Rating: 7/10

Линк до оригиналот: https://www.instagram.com/p/BXanJSZFM3R/?taken-by=blitzgamereviews

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s