Што се случува “Кога Сонувам”?! – Рецензија на “When I Dream”

За љубителите на игри со асоцијации, но со интересни вградени перипетии, во оваа рецензија ви ја претставувам популарната “When I Dream”. “When I Dream” е игра на асоцијации, за 4-10 играчи со времетраење од 20-40 мин, во зависност од бројот на играчите. Играта се игра низ серија рунди.

Во играта, во секоја од рундите, еден од играчите ќе ја преземе улогата на “Сонувачот”, додека пак другите играчи по случаен избор добиваат улога на “Добра вила”, “Песочен човек” или “Страшило”.  Улогите се дел од шпил на карти со улоги и распоредот на улогите зависи од бројот на играчи. Сонувачот го зема превезот (маската) за спиење (практично ги затвара очите) и рундата почнува. Рундата се игра во 2 фази (Ноќна и Дневна фаза). На крајот на рундата играчот на лево од “Сонувачот” станува новиот “Сонувач”.

Тек на играта

when-i-dream-2

На средината од масата, во пластичен држач во форма на кревет стојат шпил од двострани “Соновни карти “, со по 2 поима (зборови) на дадената страна и одлични илустрации. Играчите се договараат кој дел од картата  ќе го објаснуваат (горниот или долниот поим) и ја отппочнуваат ноќната фаза. Почнувајќи од играчот лево од “Сонувачот”, почнуваат со објаснување на поимот запишан на картата. Но не е се така едноставно.

when-i-dream

Во зависност од улогата, “Добрите вили” сакаат “Сонувачот” да ги погодува поимите на “Соновните карти “, додека пак “Страшилата” сакаат “Сонувачот” да не го погодува дадениот збор и даваат несоодветни асоцијации. “Песочниот човек”  сака да воведе баланс во однос на погодените и промашени поими од страна на “Сонувачот”. Притоа, како што “Сонувачот” ги слуша асоцијациите, кога сака, после одреден поим асоцирања од страна на другите играчи, може да погодува. Доколку го погоди зборот , картата со поимот се става во купчето на точно погодени карти, инаку, во спротивното купче на неточно погодени карти. За цело ова време, додека активниот играч е “Сонувач”, тој има 2 минути да погоди што е можно повеќе поими. Трикот во сето тоа е, погодувајќи треба внимателно да одреди кој му дава соодветни асоцијации, а кој несоодветно… т.е. кој од другите играчи е “во неговиот тим”.

wid_roles.png

Пред да се одредат поените на сите играчи во текот на рундата, следува дневната фаза. Во неа, без да гледа во поимите, “Сонувачот” пробува да даде ретроспектива на сонот (во форма на мини приказна) и да проба да ги спомне веќе погодените поими од претходната фаза на ноќта. Притоа, доколку ги спомне СИТЕ точно погодени поими во реколекцијата на сонот му се дуплираат поените од точно погодените поими од ноќната фаза.

Играчите во улога на “Добра вила” добиваат по 1 поен за секој точно погоден поим од страна на “Сонувачот”, додека пак играчите во улога на “Страшило” добиваат по 1 поен за секој погрешно погоден збор од купчето на “Сонувачот”. Поените на “Песочниот човек”  се специфични. Имено, доколку тој го изедначи бројот погодени и промашени поими (купчињата се исти) тогаш добива поени колку што има карти во купчињата на “Сонувачот”. Доколку пак купчињата на точни и грешни поими се разликуваат за 1 карта, тогаш “Песочниот човек” добива по 1 поен за секој поим од поголемото купче на “Сонувачот”. Доколку разликата меѓу 2те купчиња е поголема од 1 карта, тогаш “Песочниот човек” недоволно вовел баланс во поимите, и добива по 1 поен за секој поим од помалото купче на “Сонувачот”.

Играта завршува кога секој од играчите барем по еднаш ќе биде “Сонувач”.

Се собираат поените и на крај победува оној играч кој ќе има најмногу поени на крајот на играта.

Заклучок

За љубителите на игри за забава и игри со широка интеракција меѓу играчите, како и асоцијации со интересен заплет, оваа игра е една од подобрите на пазарот. Улогите искуството го прават феноменално интересно и забавно. Притоа, во улога на “Сонувачот” со затворени очи не само што се обидувате да погодите поими точно, туку треба и да одредите кој од играчите ве наведува точно а кој погрешно во текот на рундата кон поимите. И сето ова во рок од 2 минути во кои треба да погодите што повеќе поими, така што притисокот на времето е неминовен. На крајот пак, ја тестирате својата меморија на поимите што сте ги погодувале … за да се “потсетите на сонот”, што  во целиот хаос, и не е баш така едноставно. Играта е динамична, комична и супер забавна, и неминовно, со стилот на уметничкиот аспект на картите, многу потсетува на модерниот класик – Dixit.
Доколку сакате, едноставна, брза и забавна игра, со асоцијации но со интересен заплет, тогаш ова е  игра за вас. Играта ја препорачувам за сите генерации, со забелешка за добро познавање на англиски јазик, поради поимите на картите.

When I Dream можете да ја набивте во продавницата на ГОБЛИН, или преку нивната онлајн продавница.

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s