Откријте ја мистеријата во Mysterium

Дали често играте игри или сте во ситуација да предложите игра на луѓе кои не се во Хобито на Друштвени игри? Дали имате семејство и сакате да поминете време во забава и оттргнати од секојдневниот замав на модерните технологии и зависноста од смертфони, таблети, компјутери ?

Тогаш, време е да се заинтересирате за таканаречените Игри за Забави (Party Board Games), кои нудат уживање во семејна и секојдневна гејмерска атмосфера дури и за луѓе кои не играат игри толку често или со вашите деца, внуци итн …

И за да не звучам како ТВ реклама од ТопШоп или радио, во оваа рецензија ќе ви го претставам светскиот супер популарен хит, кооперативна игра со одличен уметнички изглед, асоцијации и дедукција – MYSTERIUM.

Преглед на играта

Mysterium е кооперативна игра од Олександр Невски и Олег Сидоренко, за 3-7 играчи во издание на Libellud. Времетраењето на нормална партија зависи од бројот на играчи, но не трае повеќе од 45-60 минути.

Во играта вие сте видовити медиуми, луѓе со различни дарби за комуникација со натприродни сили. Еден од вас, Г-динот МекДауел (карактер од играта) купува нова голема и убава куќа во Шкотска со викторијански стил, во која забележува силно натприродно присуство. Тој дознава дека станува збор за дух, кој бара да ја раскаже својата ужасна и тажна приказна, со цел да биде ослободен од овој свет и да премине на другиот. Па така, г-динот МекДауел ги поканува своите видовити колеги за да ја откријат мистеријата на Духот, комуницирајќи со него низ една сеанса.

mysterium-layout

Тек на играта

Еден од играчите во играта го игра токму Духот и истиот има шпил карти со Визии (уметнички слики со апстрактна уметност слични со ситни и крупни детали, како оние од Dixit). Тој пред него има шема од решение на осомничени “Убиец”, “Соба” од куќата во која е извршено убиството и “Предмет” т.е. оружје со кое бил убиен, за секој од останатите играчи. Низ 7 рунди, играчите ќе добиваат визии од Духот, со цел да ги погодат нивните комбинации од убиец, соба и оружје, и истите ги чуваат во нивното хартиено “вреќиче”. Целта е секој да ги погоди својата комбинација од Убиец, Оружје и Соба како осомничен пред ФИНАЛЕТО. По пат на играта тие собираат и т.н. Визионерски поени, гласајќи дали нивните колеги точни и погрешно ги погодуваат асоцираните карти.

Sets_Mysterium.png

Духот комуницира со секој друг играч, не преку зборување (тоа му е целосно забрането), туку испраќајќи карти од неговиот Шпил со Визии, и тоа по една во секоја рунда за секој играч. Потоа играчите имаат одредено време, да после последната добиена карта од Визиите на духот и во текот на делење на визиите, ги изберат своите погодоци во однос на картите на масата во зависност до нивото до кое погодиле (Убиец, Соба или Оружје). Во процесот на доделување на картите од Визиите комуникацијата меѓу играчите е целосно дозволена, да си помагаат во однос на тоа што духот им асоцира. По направените претпоставки, играчите доколку сакаат, гласаат во однос на тоа дали се согласуваат со одлуките на секој од другите играчи, со специјални Визионерски токени. Лентата на Визионерство, на крајот ќе отклучи колку карти од ФИНАЛНАТА ВИЗИЈА на Духот ќе бидат откриени, според позицијата на играчот.

visionCardds.png
Имено, откога играчите ќе ги погодат своите комбинации од убиец, соба и оружје, се преминува во ФИНАЛЕТО. Таму осомничените комбинации од секој играч се ставаат во столбови на масата, а духот дава 3 финални карти како визии со кои асоцира на еден точен убиец од неколкуте осомничени (комбинација од Убиец, Соба и Оружје). Играчите со тајно гласање и недозволена комуниација, треба да го погодат единствениот (од духот избран) точен убиец.
Доколку играчите го лоцираат точниот убиец победуваат, инаку сите заедно (а вклучувајќи го и духот) губат.

Мислење и оценка

Со тоа, Mysterium, претставува лесна за разбирање, и брза за учење игра. Дизајнот, продукцијата и уметничкиот изглед се на врвно ниво, но тоа воопшто не е ново за продукција на игра од Libellud. Истовремено, забавата е неизбежна. Можат да уживаат во неа, стари и млади, гејмери и не-гејмери. Кооперативноста на истата гарантира одлична социјализација, забава и задоволство како што играчите напредуваат низ рундите. Практично, овие сликовити асоцијации го голицкаат мозокот, и ја развиваат дедукцијата кај секој играч. Посебно интересно (но и одговорност) е да го играте Духот кој треба да ви ја објасни загатката на неговата “смрт” низ карти кои некогаш ќе бидат задоволувачки во однос на сликата, но некогаш супер ограничувачки. И сето тоа, проследено со крајната рунда каде тензијата е најголема. ФИНАЛЕТО како што е конципирано, е одлична јаготка на шлагот во задоволството кое оваа игра го предизвикува.

Препорачано за сите генерации и сите типови играчи!

Играта можете да ја најдете во Гоблин или на нивниот сајт, онлајн.

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s