Нови возбудувања во Small Star Empires

Во нашево гејмерско хоби, голем дел од љубителите обожуваат игри што се брзи за играње, со едноставни, но високо-стратешки и паметни правила. Други пак обожуваат игри каде правилата се малку покомплексни, а сепак тематски, но стратегијата да не биде само длабока туку и сестрана.

Верувале или не, сево ова го има во играта на нашиот Милан Тасевски, развиена и објавена од страна на Archona Games – Small Star Empires, заедно со новододадените експанзии “The Galactic Divide” и “Dawn of Discoveries“.

Square FULL WHITE.jpg

Во Small Star Empires, која со своето второ издание моментално е на Кикстартер Платформата, и средствата за реализација се собрани по само 4 часа од почетокот на кампањата, вие сте галактички лидери кои имаат за цел да освојат што е можно планети во галаксијата, за својата цивилизација.

Small Star Empires – 2ро издание

pic3979247

Целта на играта е преку едноставни правила на движење по хексагоналната мапа, да освоите што повеќе системи од планети. Секој систем има 1, 2 или 3 планети кои носат исто толку поени во текот на играта. Играта нуди и одлична варијабилност во играњата со дополнителните полиња од црни дупки, црвји дупки (Wormholes) како и Небули кои Ви носат поени на крајот на играта по најразлични алгоритми. Целата оваа “салата од поени”, во сооднос со колонизираните планети, и поставените Трговски Станици во галаксијата ќе Ве однесат до победа. Играта трае некои 15-20 минути и може да ја играат 2-4 играчи. Потезите се брзи, играта е високо тактична, и стратешка, и на крајот победува оној што најекономично ја поставил својата контрола врз површината на галаксијата.
Дополнително, Archona додаде уште посериозен графички дизајн на играта и неколку нови компоненти кои го прават броењето на поените низ играта полесно, а со тоа конечната пресметка на крајот на играта.
Но, ако основната економичност во контрола на територијата на галаксијата ви е малку, Милан и неговиот тим од Archona, неуморно работеа и ви ги овозможија вторите нови експанзии во второто издание на играта, кои не само што носат во варијабилност и разгранување на стратегијата, туку и интензитет, нова енергија и супер многу ТЕМАТИКА на истата.

Експанзии на игратаExpansions Only

Галаксијата е последната граница. Но галаксијата е полна со новини, непознати за оние кои не ја освојуваат. Галаксијата во која е сместена приказната на Small Star Empires има и куп различни раси и популација кои трагаат по колонизација, развој и етаблирање на својата економија па и воена доминација низ галаксијата. Неодамна, за целите на развојот на секоја една од расите, од извонредно значење станува и еден специјален ресурс, минерал ископан во ширините на секторот наречен Тoлaран.
Со тоа, експанзиите освен основните колонии и станици за трговија, воведуваат и 2 нови типови на објекти – Станица за Истражување (Dawn of Discoveries Expansion) и Воени станици (The Galactic Divide Expansion).

Dawn of Discoveries Expansion

 

https://cf.geekdo-images.com/medium/img/ussE6dZnOU-HhPFIB9RT-r51ujE=/fit-in/500x500/filters:no_upscale()/pic4085319.jpg

Доколку ја вклучите и оваа експанзија на основната игра, тогаш стратегијата отвара и нов правец на размислување и тактизирање. Имено, секој од играчите добива и т.н. Станици за Истражување кои имаат за цел да произведуваат минерали (3 типа – по боја – зелени, бели и црвени) за вас, кога противничките играчи колонизираат до вашата станица. Исто така при местењето на играта, сите еднопланетни системи добиваат по еден минерал, по случаен избор. Собирајќи вакви ресурси кога колонизирате еднопланетни системи или преку вашите Станици за Истражување, играта воведува механизам на менаџмент со ресурси како дел од стратегијата. Истите можете да ги разменувате за моќни технологии (карти) кои прават минимални промени на основните правила на играта. Со нив можете да се движите преку колонизирани противнички системи, да манипулирате во неправилни (неправолиниски) движења со вашите (еден од 4те) колонизаторски бродови итн, итн. Картите носат и дополнителни поени на крајот на играта. Оваа експанзија е одлична за играчите кои обожаваат стратешки (ЕУРО стил главно) игри со менаџмент на ресурси и дава одлично дополнување на основната стратегија на играта.

Three cards.jpg

The Galactic Divide Expansion

https://cf.geekdo-images.com/medium/img/Kxbuz1OPiL3waACb9WzSQ2INYck=/fit-in/500x500/filters:no_upscale()/pic4085326.jpg

Ако сте гејмер како мене, што обожава конфликт во игрите, и огромна интеракција меѓу играчите, како и асиметричност на играчите (вселенските раси во играта), тогаш за вас неминовна е експанзијата The Galactic Divide. Таа воведува асиметричност (2 типа специјални моќи т.е. акции) меѓу играчите и секој од играчите игра раса во галаксијата која има за цел да доминира во неа. Исто така на располагање имате Воени Станици, кои ви носат воена Моќ кога се изградени близу противнички системи и колонии. Освоената воена Моќ потоа, ја менувате за специјалните акции, со кои добивате дополнителни поени во зависност од типот на галактичката раса која ја играте.
Некои од нив се базирани на еконимија (пацифистички моќи), но некои и на воена моќ која има уништувачка и разорна сила во галаксијата. Па така, играта одново додава едно ново ниво на стратегија, и тактички потези, кои секако придонесуваат во ре-игривоста на истата и нејзината стратешка варијабилност.

Oranor Front

Hantalar Front
Впечатоци

Според горенаведеното и овој долг текст сам по себе зборува на тоа колку многу нуди оваа навидум едноставна игра во мало пакување. Стратегијата и тактиката се на одлично ниво, кое за уживачите на подлабоки игри, со експанзиите, нуди целосно задоволство. Доколку пак ги комбинирате и двете експанзии добивате супер стратешка, кратко но длабока игра, која ќе ги проскокотка мозоците и на обожавателите на брзи и помали игри но и на оние кои обожаваат долги и стратешки игри. И сето тоа во не повеќе од 20-30 минути.
Лично мојата оценка на играта со новините и дополнителната шминка за второто издание е висока, поради асиметријата, менаџментот со ресурси, како и конфликтот воведен во истата.

Можете ли својата галактичка раса да ја однесете до економска и воена доминација? Сакате ли во брзо време да ги надмудрите противниците на секое ниво? Тогаш поддржете го проектот на Archona на второто издание на Small Star Empires + двете експанзии на Кикстартер на линкот:
https://www.kickstarter.com/projects/archonagames/small-star-empires-2nd-edition-two-expansions

И уживајте во уште еден феноменален македонски производ од хобито на Друштвени игри на пазарот!

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s