Блиц рецензија: Tides Of Time

Не е тајна дека drafting е една од моите омилени механики. Јас сум огромен фан на можноста сите играчи да почнат на исто ниво, но преку употребување на различни тактики и донесувањето различни одлуки да добијат различно искуство. „Tides Of Time“ е draft игра за само два играча, што во моментот кога била пуштена било незамисливо!

Tides-of-Time-Game-Experience.jpg

Секоја игра има три рунди во кои играчите наизменично бираат (драфтаат) карти со цел да го изградат нивното кралство. Секоја карта е една од петте бои, а има и своја уникатна цел за поентирање. Откако ќе се извлечат сите карти за таа рунда, играчите собираат поени според бројот на карти што ги имаат од иста боја и со додавање на исполнетите цели од секоја карта. На крајот од секое поентирање, играчите задржуваат една карта во нивното кралство како “relic of the past”, која што ќе им помогне во понатамошните кругови. По крајот на трите кругови, играчот со поуспешното кралство, победува.

4.jpg

„Tides of Time“ е одлична игра која што нуди суштинско играње и многу можности да го надитрите вашиот противник, а истовремено е и многу пристапна. Мислам дека играта е една од моите најомилени примери за „лесно научи, тешко совладај“. Механизмите на играта лесно се совладуваат, но има многу посуптилни слоеви во стратегијата на играта со секое наредно играње.

Фановите на drafting мораат да ја пробаат оваа игра!

 

Иво Нешковиќ

Линк до оригиналот: Tides of Time by Blitz Game Reviews

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s