Првокласно патување со Ориент Експрес

Во оваа златна ера на игрите, понекогаш има толку светкави работи, што вистинското злато не се приметува. Таков е случајот со денешната игра “First Class – All aboard the Orient Express” од Хелмут Оли и во издание на Z-Man.

Спротивно на светскиот тренд – „пробај пред да купиш“, еден од колегите, на ланскиот Essen 16′ инвестираше во “First Class”, првенствено поради сопствената пасија за возови. И за малку ќе останеше затрупана во купот игри кои долетаа во Скопје.

DSC_3856

Од дизајнерот на етаблираната Russian Railroads (прилично комплексен Worker Placement, со фантастичен комбо механизам за поентирање), First Class е најверојатно замислена како спиритуален наследник на горенаведената RR, но оваа игра си стои на сопствени нозе (читај пруги). На заедницата и требаше време да ја открие играта, но денеска сите едногласно се согласуваат дека дизајнерот го погодил совршениот баланс на комплексност и времетраење на игра.

DSC_3868

Играта се одвива во 3 ери, секоја поделена во 2 дела, во кои играчите бираат (драфтаат) една од 18те карти кои се предходно отворени на маса. Со изборот на карта тие веднаш ја извршуваат дадената функција. Картите се многу едноставни, составени од неколку симболи и „арт“ од Michael Menzel (еден од водечките артисти на бордгејмови во моментов).

Секој од играчите добива своја табла на операција, која преку акциите во играта се зголемува и надградува со различни карти, кои со ред ќе носат различни начини за победа.

trains-1024x530

Акциите на картите, на различни начини влијаат на сечија табла (board). На едната страна си ја продолжуваме рутата (А) по која се движат нашите локомотиви (B) и со тоа се прават уникатни начини за поентирање за секој играч. На другата страна се вагони (C, E и F), кои ги додаваме на една од двете локомотиви, други пак го движат кондуктерот (D) низ вагоните. Преку овие паметно дизајнирани синергии, сите механики во играта зависат од предходно изиграните карти.

DSC_3874

Генијалноста на играта е во нејзината едноставност, но привлечноста е во нејзините можности за повторно играње (повторливост). На почетокот на секоја партија, на модулот „X“ му се додаваат два модула (A, B, C, D, E) по избор. Секој од овие модули воведува целосно нови механики во играта.

DSC_3865

На пример модулот А додава нови “Contracts” (договори) со кои се обврзуваме да завршиме некои услови до крајот на играта. Модулот Ц (“Who is the Murderer”) го додава тематскиот дел на Ориент Експресот, па така на почетокот еден од нас тајно ќе биде убиец, а останатите преку акциите во играта треба да се заштитат од него без притоа да го повлечат сомнежот на себе. Модулот Д додава патници и багаж во делот со вагоните, па и тие ќе поентираат различно.

Овие 10 комбинации ќе ви го дадат чувството дека секојпат играте различна игра, во веќе познат свет со веќе познати правила. А тоа е огромен бонус во мојата тетратка. Ретко колку игри успеале да ми го заддржат вниманието после сите варијанти, а после изиграни 10тина партии First Class се чувствувам дека забавата допрва почнува.

pic3575162_lg

Ако веќе сте ја “надраснале” Ticket to Ride и време му е на кондуктерот да прошета по другите страни на светот, оваa игра можете да ја најдете во Гоблин Друштвени Игри.

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s