Блиц рецензија: Splendor

Тематиката не е круцијален фактор за мене за да уживам во одредени игри. Понекогаш механизмот на играта е доволен за да ме занесе. „Splendor“ е таков тип на игра, совршена themeless engine building game!

Splendor-Header.jpg

„Splendor“ е chip-collecting и card development игра. Играчите се ренесансни трговци кои што се трудат да купат рудници со скапоцени камења, превозни средства, продавници и сето тоа, со цел да соберат што е можно повеќе prestige поени. Доколку играчот е доволно богат, тогаш може да добие посета од стана на благородник во текот  на играта, што дополнително ќе го зголеми престижот на играчот.

Во текот на кругот, играчот има три опции: 1. да собере скапоцени камења, 2. да купи или да изгради карта и 3. да резервира една карта. Доколку се реши да собира скапоцени камења, може да земе три различни вида на камења или две од ист вид. Доколку купи карта, мора истата да ја плати и да ја додаде на полето за играње. A доколку играчот се реши да резервира карта – дали од лични потреби или со цел да го онеспособи противникот – тогаш таа карта треба да ја постави со лицето надоле на масата и да ја искористи за понатамошно градење; со ова ќе се искористи целиот круг на играчот, но затоа добива злато од истата кое е вид на џокер, што може да се искористи за купување на било кој скапоцен камен.

articleimage.jpg

Сите карти го зголемуваат буџетот на играчите, бидејќи добиваат траен бонус. Играчот што прв ќе стигне до 15 prestige points, благодарение на prestige картите, победува.

Играчот може да купува карти и да ги надградува во повеќе карти, сè додека не победи 🙂 Ова е чиста engine building game со неверојатни компоненти. Доколку немате партнер за брусење дијаманти, оваа игра има и дигитална апликација.

 

Иво Нешковиќ

Линк до оригиналот: Splendor by Blitz Game Reviews

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s