Robin Hood and the Merry Men

Во бордгејм заедницата постои непишано правило, извлечено од искуство, дека воглавно игриците од EURO категоријата се најчесто сувопарни и супер-стратешки, “посериозни”, потешки за играње, и базирани на механики за кои треба планирање за да ги ставите во спрега и да ги победите противниците. Најчесто тематиката, приказната и уметноста во таквите игри е второстепена, и не толку силна иако често ја има.

Нашите момци и девојки, од Final Frontier Games, чиешто трето чедо на светскиот пазар е одлично поддржаната Robin Hood and the Merry Men (мк. прев. Робин Худ и Дружината), ги поместуваат стандардите на EURO игрите на табла, и сега, по трет пат, на пазарот пласираат супер тематска, интригирачки стратешка и интелегентна игра, која е интересна за играње, допадлива на изглед – овозможено од екстремно талентираниот Тхе Мичо, и неверојатно тематска игра благодарение на дизајнот на британецот Мартин Пул.

 

pic3968840
Во Robin Hood and the Merry Men, вие сте еден од хероите на Нотингем кои имаат основна идеологија да крадат од богатите и да даваат на сиромашните, и на тој начин да стекнат почит и добробит кај својот народ.
Robin Hood and the Merry Men е компетитивна, полу-кооперативна игра за 1-4 припадници на “Дружината”, со механики на поставување на работници, и менаџмент на ресурси.

Играчите играат еден од хероите на Нотингем: Робин Худ, Малиот Џон, Вил Скарлет, Џејн Фортјун, Алан А’Дејл… Со самите карактери, тие имаат асиметрични моќи кога се на ред, во зависност од избраниот карактер. Моќта на карактерот ги прави играчите различни од другите, и дава олеснувања во однос на основните правила, а со тоа и стратешки за нијанса го менува начинот на играње во зависност од херојот.

pic3968856
Фигури на хероите

 

Oпис на текот на играта

Секоја рунда, од вкупно петте во играта, се одвива во 2 фази.

Фаза 1: Фаза на Дружината (Merry Men Phase): Во неа, преку игра со повеќенаменски карти, играчите поставуваат свои мипли (работници) на мапата на Нотингем, со локации од каде ќе собираат ресурси за градење барикади и стапици, натпревари во стрелање, но и локации на кои луѓето фатени „крадејќи“, притоа затворени од страна на шерифот на Нотингем ве чекаат да ги спасите. Секој од играчите ќе има по 3 работници на располагање во текот на рундата, и истите преку картите може да ги распоредува на слободните места на локациите и да добива бенефити од истите. Ресурси во играта се алатки, дрва, метал и парички, предмети за дистракција (ЧИТАЈ – ВИНО), но и оружја кои главно се користат во фазата на Хероите. Со помош на ресурсите, поставувате стапици за да се борите против армијата на Шерифот од Нотингем, или градите барикади за да пресретнувате и ограбувате кочии кои го собираат данокот од сиромашните со цел истите тие пари да ги вратите назад.

26198157_2019323171659994_1825263228603844877_o
Merry Man – карти

Аспектот на полу-кооперативност лежи на тајмери од парички кои се поставени на секој од 4 патишта кои водат до Нотингем (источен, западен, северен и јужен) при што ако некој од патиштата целосно се испразни од парички, сите играчи ја губат играта заедно и не успеваат да ги заштитат своите сограѓани од Нотингем. Исто така ако премногу стражари на Шерифот окупираат дадена локација, и никој играч не ја ослободи локацијата борејќи се со нив, играчите ја губат играта.

pic3968852
Карти на Шерифот

Фаза 2: Фаза на Хероите (Hero Phase): Токму борбата против стражарите на шерифот и ограбувањето на кочиите за враќање на парите на сиромашните се есенцијален дел од Фазата на Хероите. Оваа фаза почнува со избор на оружја за борба против Шерифот и неговата војска, од страна на секој играч. Оружјата се претставени во d6 (шестострани) коцки. Секој играч тука, добива по една Шериф карта која претставува прогрес на негативците (Шерифот, неговите стражари и кочиите). Овие карти на прогрес на негативците даваат тензија во играта, но и насока на играчите кој од 4те патишта и која локација се под закана. Играчите со својот Херој и неговите оружја имаат 2 дозволени движења низ локациите.  Во тие движења прават акции со кои се борат против негативците – убиваат стражари и ги ослободуваат локациите или уништуваат кочии и го собираат данокот во пари од нив за да ги вратат истите во наредната фаза на Дружината. Борбата се базира на вртење на Д6 коцки, и постојат начини на манипулација на свртените резултати. Најчесто успешно вртење ќе значи трошење на коцките, но и добивање на ПОЕНИ НА ВЛИЈАНИЕ кај граѓаните од Нотингем.

Целта на играта е постигнување на најмногу Поени за победа (Victory Points) на крајот на играта преку борба против негативците (кочии и стражари на Шерифот), градење на барикади и стапици и исполнување на задачи од Кралот Ричард, кој се бори со крстоносците.
Нивото на ПОЕНИ НА ВЛИЈАНИЕ добиени од успешното спротивставување на Шерифот и неговите негативни сојузници, се мултиплицираат со барикадите и стапиците изградени во текот на играта, и претставуваат грото од поените на крајот на играта. Низ играта има и други начини за добивање поени (ослободување на туѓу мипли од затвор или од стражари, собирање на сетови од исти карти … ). Маркантен дел се специјалните карти со задачи од Кралот Ричард кои се тајни за секој играч до крајот на играта. Секој има по 3 од нив, но не мора сите да ги исполни, а секоја исполнета му носи бонус поени на крајот на играта. Тие даваат интересна стратешка насока во текот на играта. Исто така, картите на луѓето од Дружината кои се во рацете на играчите, можат да бидат играни активно – за посилни акции на мапата на Нотингем, ИЛИ пасивно за да генерираат поени и/или ресурси во текот на играта и да се пренесуваат од рунда во рунда. Пасивно играните карти можат да бидат собирани во сетови од исти карти за бонус поени на крајот на играта.

pic3927114
Мисиите на Кралот Ричард

Впечатоци

Секоја добра EURO игра има за цел да претстави на играчите солиден склоп од механики, кои додека играте стратешки и тактички ги комбинирате за да креираат една мини-загатка која кога ќе ја одгатнете и профункционирате, предизвикува сатисфакција и онаа насмевка каде играчите се во фазон: “-АХАААА! Сега сфаќам”.

Токму тоа чувство е предоминантно кај играчите додека ја играат Robin Hood and the Merry Men. Тоа, и константниот притисок кој од рунда во рунда се крева, во делот на постоењето на опција сите задено да изгубите ако не си помагате во борбата против заедничкиот непријател – Шерифот од Нотингем и Принцот Џон. Играта во целост се базира на фундаменталната идеа на Робин Худ и преданијата за него – крадење од богатите и враќање на сиромасите.
Времетрањето на играта не е предолго, 25 минути по играч. Исто така, трае 5 рунди и има доста варијабилност во однос на начините на играње. Секоја партија ќе биде различна благодарение на различните херои, задачите од кралот Ричард и шпилот со карти за прогрес на негативците кои имаат голема варијабилност од игра во игра кои се ставени на располагање од страна на тимот на дизајнери.

pic3968848
Мапата на Нотингем

Тематиката и уметноста на играта: Уште еден одличен склоп на FFG и легендарниот Тхе Мичо, кој со помош на живи бои и одличен графички дизајн и даваат на играта чувство на забавност и сатиричен приказ на легендите за Робин Худ и Нотингем, но и одлично ги претставува ликовите, и околината од тоа време. Board-от изгледа феноменално и е уживање во глетката на сечија маса.

Играта е моментално на Kickstarter платформата, кампањата се одвива одлично и со помош на поддржувачите отклучени се голем број дополнителна содржина за играта, вклучувајќи Solo-mode за играње на еден играч, како и метални парички (pennies) кои уште повеќе придонесуваат во варијабилноста на играта, нејзината допадливост на око и тематиката.

Со тоа, Robin Hood and the Merry Men е уште една успешна приказна во низата за Final Frontier Games, и според мене најдобрата игра и производ од нивна страна на пазарот. Забавна, тематска, и стратешка, Robin Hood and the Merry Men е одличен избор на игра за интриги, тензија, стратегија но и опуштање и одлична атмосфера на масата, со пријатели или фамилија! Препорачано!

Даниел Кипријановски

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s