Heroes of Dominaria – Нова игра во светот на Magic: the Gathering!

Wizkids, компанијата која што стои позади успешната Mage Knight најавува уште еден јак наслов во нивните редови, во партнерство со Wizards of the Coast. Се работи за втората игра во славниот мултиверзум на Magic: the Gathering а тоа е Heroes of Dominaria!

MtGHoD
Кутијата за Heroes of Dominaria, не е финална.

За разлика од првата игра која што излезе во светот на Меџик, Arena of the Planeswalkers, која што патем не донесе ништо ново на бордгејм сцената, оваа ветува нешто поинтересно! Се работи за euro-style игра во која што играчите се херои кои што ќе го истражуваат најпознатиот свет во Меџик – Доминарија. Ќе може да посетуваат славни локации од светот, да влечат мана за да играат различни магии и да регрутираат други херои за да им помогнат во завршување на различни quest-ови. Секако, сѐ ова не носи до euro-game моментот каде што со своја стратегија играчите ќе сакаат да стигнат до најмногу поени за да победат!

lo20141229_elves

Како поранешен Меџик играч, морам да кажам дека играва ми звучи супер! Баш деновиве збориме како не мава носталгија за времето кога кисневме во Гоблин и игравме со нашите омилени елф/гоблин/зомби и други декови и како би било фино да се удри некоја партија со тие карти. Ама мислам дека и Heroes of Dominaria ќе ја задоволи мојата носталгија и ќе ме врати во убавите моменти што сум ги поминал во прекрасниот свет на Magic: the Gathering. Едвај чекам!

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s