Кикстартер радар – Chronicles of Crime

Chronicles of Crime е кооперативна игра во која што вие сте детективи кои што решавате различни криминални случаи. Интересното и уникатното кај оваа игра е тоа што решавањето го правите со помош на мобилна апликација и виртуелна реалност! Веќе звучи интересно нели?

e6f752be727332fc0db741cb5ca59619_original

На почетокот на играта, ја вклучувате апликацијата на мобилниот и бирате едно од 6-те почетни сценарија кое што ќе го играте.

Потоа, буквално се вклучувате во интеракција со компонентите на играта како што се карактерите и локациите. Интересното е што на секоја од картите на кои што има карактер или локација има QR код, кој што го користи апликацијата за да ги направи конекциите во самото сценарио. Секој пат, кодот ќе води до различен доказ и конекција во самата игра. Ова овозможува да можете да ја играте играта повеќе пати без ниеднаш да се повторат околностите!

78db32e65ba424f4f4be78209909a6f8_original

И тука влегува генијалниот момент од играта. Криминалните сцени кои што ќе ги посетувате ќе можете да ги гледате во 3Д со помош на наочарите кои што ги добивате со играта и со вашиот телефон!

Откако ќе ја разгледате сцената на делото, имате можност да барате докази од самите карти кои ви се на располагање па така ја правите вашата дедукција. На крајот од играта кога, ќе сте уверени во сторителот на делото можете да го уапсите и да видите дали сте ја победиле така играта!

7ba3f010224f230c0a540fc4c37d457d_original

Водејќи се од ова што го гледам на нивната кампања на Кикстартер, играва изгледа како некој феноменален микс од Clue (Cluedo) која што ја имам утепано од играње и ми е една од поомилените стари игри, Time Stories која што е одлична релативно нова игра и CSI серијата! Дефинитивно се гледам себеси како влагам во филмот на Horatio Caine и неговата екипа, секогаш спремен за нов предизвик и нов случај!

horatio case

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s