Тераформирајте го Марс на вашиот мобилен!

Широко популарната друштвена игра Terraforming Mars која излезе во 2016, по примерот на другите популарни игри, ќе добие своја дигитална форма. Asmodee Digital објавија линк до играта на Steam и според сликите мораме да кажеме дека изгледа супер, дури и многу подобро од физичката верзија на играта!

На пазарот на мобилни апликации полека но сигурно му се приклучуваат и друштвените игри, најчесто оние попопуларните како Through the Ages која што излезе минатата година и имаше беспрекорна имплементација од страна на нејзините издавачи Czech Games Edition.

Останува уште да видиме дали изведбата на апликацијата ќе биде со сличен квалитет, а според изгледот што го гледаме од сликите и сериозноста на компанијата, не се сомневаме во тоа.

Ако ве заинтересиравме, трк на овој линк да си ја ставите играта во Wishlist. Најавена е дека ќе излезе во втората четвртина од 2018. Уживајте во ново-свежиот воздух на Марс!

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s