Pandemic Legacy Season 1

Pandemic Legacy Season 1, е првата во низа од Pandemic Legacy игри и која се одвива низ 12-24 игри, во која 2-4 играчи имаат за цел да го спасат светот низ 12 месеци од 4 опасни болести за кои е тешко да се најде лекот. Играта е кооперативна и одлично балансирана за 4 играчи, а станува прилично полесна кога играат само 2ца.


Низ неа, карактерите, околностите, светот, и механиките на игра ќе се менуваат низ текот на целата игра. Резултатите од крајот на една партија ќе се пренесуваат во друга и на тој начин секоја нова игра бар малку (а најчесто МНОГУ) ќе биде различна од претходната. Почнувате со едноставен проблем (како во регуларниот Pandemic) да најдете лек за 4 болести но низ првата партија веќе почнуваат да се усложноваат работите, и да ве следат тон перипетии.

Како што играта станува потешка низ месеците, така вашите карактери на крај на секоја партија добивааат шанса да бидат доизградени со нови кул карактеристики. Исто така се менува и светот. Градови во кои болестите експлодираат и вие не превземате многу околу тоа, стануваат се по-погодени од болестите, и нивната популација се помалку ви верува ВАМ, како тим од истражувачи, научници и воени лица кои би требало да ги избавите од проблемите.

Според тоа, играта одлично го доловува моментот на наследно и кампањско играње. Секоја партија трпи ресет на почетокот, но и старо-нови објективи кои имате за цел да ги исполните за да победите. И често нема да успеете, но тоа нема да ве спречи за да се обидете повторно. Секој месец имате 2 обиди да го победите, но иако не го победите, секогаш имате 12 месеци да успеете во тоа.
За разлика од обичниот Pandemic, Pandemic Legacy во себе содржи неколку пакети кои ги носат новите механики низ играта и за кои добивате инструкции кога да ги отворите и за што ќе служат. Исто така, главна и основна алатка за движењето низ приказната, и соодветно разоткривањето на новините е таканаречениот Legacy Deck.

 

Играта ќе ги заинтригира играчите со брзо донесување одлуки, планирање и стратешко решавање на загатките кои се менуваат и стануваат се поинтересни во текот на месеците. Очекувајте не само градење на карактерите туку и градење на односите меѓу нив, и одлични и паметни промени на механиките, со цел да се избегне репетитивноста на играта но и со цел да се одржи балансот на истата. Оставам на вас да ја откриете одлично раскажаната приказната и да уживате во перипетиите и драмата што истата ја приредува.

Со нејзиното излегување на пазарот, Pandemic Legacy Season 1, e најдобрата игра според оценките на (BoardGameGeek.com), но и според моето искуство во делот на Legacy елементите (10/10). Располага со одлично распределување на нештата низ игрите, добар развој на карактерите, како и супер интригирачка приказна која во многу зависи од одлуките што ќе ги носите низ месеците. Единствено можеби делот на истражување на нештата, и развојот на приказната е на моменти линеарен и најчесто се случува меѓу партии, а ретко за време на партија. Компонентите се одлични, а темата е погодена за ваква игра.

Играта е погодна за искусни играчи, но и за семејна атмосфера со casual играчи кои ќе уживаат во одлична приказна и уште подобра кампањска игра. Имајте на ум дека по играњето на истата вашиот game board значително ќе се промени, со што, после тие 12-24 партии откако ќе ја завршите, повеќе нема да може да ја играте.

Даниел Кипријановски

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s