Блиц рецензија: Five Tribes

Има некои игри што се просто неверојатни! За мене „Five Tribes“ е една од нив. Примамливо комплицирана игра, убаво спакувана така што ќе може секој да ја ужива.

Дизајнирана од страна на Бруно Катала, „Five Tribes“ се базира на долгогодишниот германски стил на игри со дрвени човечиња (meeples). Играта има уникатен пресврт на тоа што сега го нарекуваме worker placement жанр; играта започнува со човечињата веќе поставени на таблата и играчите треба да најдат снаодлив начин да ги маневрираат низ села, пазари, оази и свети места што ја дефинираат областа наречена Naqala. Како, кога  и каде ќе се поместат овие пет племиња од Assassins, Elders, Builders, Merchants и Viziers така ќе биде дефинирана победата или губењето на играта.

five-tribes-resource-cards.jpg

Твојот потег се состои од придвижување на групата човечиња од едно место во друго, едно по едно, во ортогонална насока, сè додека не се спушти последното човече што има иста боја со местото на кое што е поставено. Последното поле ја одлучува акцијата на човечето, зависно од бојата на истото и местото каде што моментално стои.

tumblr_inline_nd4rduQOeb1szi11w.jpg

Соодветна на останатите игри од „Days Of Wonder“, правилата на играта се јасни и лесни за учење. Но, планирањето на победничката стратегија бара пресметан пристап повеќе отколку само следење на текот на играта. Треба внимателно да се испланираат потезите, бидејќи секој од нив носи различни поени и може да ги онеспособи противниците. Треба да се пресметаат многуте различни патеки до победа, вклучувајќи ги и моќните Djinns кои можат да и помогнат на вашата кауза; вашиот обид за преземање на контрола на легендарниот Султанат.

„Five Tribes“ нуди еден тон различни преигрувања и сите мои играња биле подеднакво пријатни и напети од почеток до крај. Високо препорачано!

 

Преземено од: Blitz Game Reviews

Линк до оригиналот: Five Tribes taken by Blitz Game Reviews

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s