Бидете поуникатни овој Ден на Заљубените

Зима, ладно е. Плановите што ги планиравте со партнерот нема да испаднат како што планиравте? Зошто не направите малку поинаков потег и да играте друштвени игри на Денот на Заљубените? Наместо да гледате некое филмче или да одите на некој посебен ручек, зошто да не си ги облечете омилени пижами и да не изиграте некоја игра за двајца?

Независно дали играта била дизајнирана како за двајца или едноставно играта одлично се одвива кога ја играат двајца, ви нудиме неколку решенија т.е. игри кои што може да ги играте во пар. Ем ќе си поминете прејако, ем подобро ќе го запознаете вашиот партнер и неговите играчки способности.

7 Wonders Duel

3834f749742f1cc9863a1b47f31c5bf6---wonders-duel

Оваа игра е специјално дизајнирана за двајца во ликот на култната 7 Wonders. Иако во играта нема директен конфликт, секој потег е направен со пасивна агресивност која ќе гарантира нетрпение кај другата страна. Играта не само што има многубројни награди во категоријата за најдобра игра за двајца играчи, туку освоено награда во категоријата најдобра игра со карти, а била и номинирана за игра на годината и најдобра стратешка игра на годината.

Кој ќе го изгради подобриот град со подобри чуда ќе ја победи играта. Само да се разбереме правилото „кој нема среќа во картите, има среќа во љубовта“ не важи за оваа игра.

Alien Artifacts

DSC_4288

Доколку сте повеќе фанови на научната фантастика, тогаш Alien Artifacts е нешто посоодветно за вас. И покрај тоа што играта е направена за до пет играчи, играта е најсоодветна за двајца. Стратешки испланирајте си го буџетот, ресурсите, изградете вселенски бродови, развијте нови технологии и откривајте непознати плани за да добиете поголема предност. Главната цел во играта е да ги собирате вонземјанските артифакти за да може да добиете уште повеќе бонуси во играта. Но, може да стигнете до директен конфликт и да мора да го нападнете вашиот партнер за да му ја намалите предноста што ја има партнерот за да можете вие да победите.

Нема љутиш.

Love Letter

81Su-iXIxL._SL1500_.jpg

Изборете се за вашата љубена и докажете ѝ колку ја сакате со тоа што ќе се изборите над останатите за да ѝ доставите љубовно писмо во Love Letter. Не дозволувајте вашето љубовно писмо да се изгуби и да биде фрлено во огнот! Романтичната тематика ја прави оваа игра најсоодветен наслов во овој список, доколку сте расположени за покласичен пристап на Денот на Заљубените. Ја препорачуваме оваа игра кај понови парови.

Кои се вашите игри за Денот на Заљубените? Кажете ни во коментари.

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s