Game of Thrones – Hand of the King

Во Вестерос викаат „Winter is here“. Ние викаме „review is here“! 🙂

Благодарение на Гоблин Друштвени Игри имав шанса да ја поиграм оваа мала игра која што патем е цртана од нашиот веќе светски познат бордгејм артист – Тхе Мичо (кој што е исто така голем фан на Game of Thrones).

Арт

Стилот на Мичо тотално прилега на оваа кратка игра која што на некаков комичен начин пробува да ги долови карактерите од светот на Game of Thrones. Сепак, сериозноста е оставена за поголемите и посериозни Game of Thrones игри.
Арт: 10/10

Поставување (setup)

Брзото поставување на играта е уште една добра страна и одзема помалце од една минута. Се мешаат 35те карти плус картата Varys и се поставуваат на масата во мрежа од 6х6. Оваа мрежа или грид се нарекува King’s Landing. Потоа се меша companion декот и се влечат и поставуваат горните 6 карти до King’s Landing. И спремни сте за играње!
Setup: 9/10

Начин на играње

Во Hand of the King, играчите го поместуваат Varys, во еден од четирите ортогонални правци во King’s Landing. Откако играчот кој што е на ред ќе одбере во кој правец сака да го придвижи Varys, мора да го каже името на една од куќите од Game of Thrones. Откако ќе соопшти куќа, играчот го поместува Varys во правец кој го одбрал и ги собира сите карактери од таа куќа, за потоа Varys да го остави на местото на последниот карактер од таа куќа што го земал на тој круг.

Потоа, ако играчот има кај него еднаков број или повеќе карти од таа куќа од другите играчи, тој го зема банерот на таа куќа. Дополнително, ако играчот го земал последниот карактер од таа куќа во King’s Landing, тој може да одбере еден од companion картите кои што може да направат нешто дополнително, на пример да убијат карактер или да го сменат местото на два карактери во King’s Landing.

Важно е да се спомне дека не сите куќи имаат еднаков број на карти. На пример, Stark имаат вкупно 8 карти во играта, Lannister 7 карти додека Tyrell има 3 и Tully имаат 2. Тоа ја прави играта интересна бидејќи за да земете банер од побројните куќи ќе ви треба повеќе време, потези и мислење, додека за помалите куќи само еден до два добри потега ќе ви ја завршат работата.

Играта завршува кога Varys повеќе не може да се помести бидејќи нема ниеден карактер за земање во 4-те правци. Откако ќе заврши играта, играчот со најмногу банери од вкупно 7-те во играта е победникот!
Играње: 7/10

Финална оценка

Играта е навистина проста и лесна за играње, што не значи дека не е добра, напротив. Секој круг, играчите ќе мора да размислуваат во кој правец да се движат, како најефикасно да го одиграат кругот, да земат најмногу карти од една куќа без притоа да му наместат добар потег на противникот. Јас лично сум голем фан на вакви игри, каде што со неколку едноставни правила се прави длабока игра, што е навистина супер, бидејќи не мора да мислам на правилата на самата игра и дали ја играме правилно, туку само како најстратешки да го одиграм мојот круг. Hand of the King можеби трае пократко од некои други игри во истата категорија, но тоа е супер причина за да одиграте повеќе партии една по друга и да ја скроите судбината на седумте кралства!

Вкупна оценка: 8/10

Играта може да се набави во Гоблин Друштвени Игри во Буњаковец по цена од 1090 ден.

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s