Игравме Rise to Nobility

Во исчекување на престојната Kickstarter кампања, тимот од Final Frontier Games ни направи чест да ја пробаме нивната нова игра Rise to Nobility. После неверојатниот успех со Cavern Tavern, изгледаше како Rise to Nobility да има големи чизми за пополнување. Искрено, очекувањата веднаш ни беа надминати. Иако нецелосен, изгледот на играта (комплименти до Тхе Мичо) беше феноменален. Прототип верзијата делуваше подобра од веќе некои етаблирани изданија, така што нема да шпекулирам за финалниот квалитет (не очекувајте ништо помалку од 10-ка).

Кога ги добивме правилата очекувавме лајт-фиеста со коцки, но по првите неколку круга може да се осети длабочината на играта. Несомнено луѓе ќе ја споредуваат со Cavern Tavern, но оваа игра нуди забележително поширок спектар на можности и таа комплексност ја отсликува амбицијата на дизајнерите да одат на наредно ниво во жанрот.

Играта ја почнуваме како надежни земјопоседници, обидувајќи се да ја зголемиме нашата репутација со градење домови и вселување на жители на нашиот имот. Секој играч фрла 5 коцки на почеток на кругот, и еден по еден ги ставаме на можните акции, притоа спроведувајќи ги, и така додека никој нема/не може да искористи коцка. Инвентвниот систем за подобрување на ефикасноста на коцките веднаш го повлекува и најскептичниот играч (вклучувајќи ме и мене) да се коцка, но притоа да може да стратегизира какви потези ќе изведе со коцките.

 

Полињата на мапата варираат од фамозната Cavern Tavern, преку Stone Council-от и The White Palace до 6-те гилдови од кои играчите собираат ресурси кои се основниот двигател на играта. Вселувањето жители е главниот пат до победа, но во играта има и неколку други, поефктивни начини, кои ќе ви оставам на Вас да ги откриете. Интересен аспект од мапата е што самите играчи преку неколку вешто испланирани потези можат да изградат своја зграда врз неа, а со тоа и да го зголемат својот статус како Лорд. 

Комбинацијата на стратегии, зачинета со неминовната (не)среќа целосно ќе Ви го исполнат дневниот термин за играње. Можеби должината на играта (околу 2 часа за 4ца играчи) на момент ќе ве интимидира, но брзината на круговите и игривоста на самите надокнадува двојно. Лично, многу повеќе сакам игри каде морам да потрошам 5 минути да ја донесам вистинската одлука, отколку играта да ми ја донесе одлуката и тоа да трае 10 секунди.

Се на се, секоја чест на екипата од Final Frontier Games, дури и за пробно играње си поминавме забавно и сега едвај чекаме да го видиме финалниот производ. А за играва да стане реалност ќе потребна сечија поддршка на Kickstarter. Кампањата почнува на 5-ти Април, и ако не’ слушате нас, ова е игра што мора да ја имате.

– Борис Момиќ

Посетете ги Final Frontier Games на нивната веб-страна за повеќе информации: http://finalfrontiergames.com/

Advertisements

One thought on “Игравме Rise to Nobility

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s