7 Wonders: Duel

Duel ја очекувавме како малата сестра на 7 Wonders, но ни самиот Пророк од Делфи не можеше да знае дека малата игра за двајца неколкупати ќе ја надмине популарноста на веќе култната 7 Wonders. Претпоставувам дека Antoine Bauza (дизајнерот на 7 Wonders, Тakenoko, Tokaido)  не можел да си прости што дизајнирал игра која не може да ја играат двајца. Тука помошта од Bruno Cathala (Five Tribes, Shadows over Camelot, Cyclades) е очигледна. Низ годините Cathala се покажа како виртуоз на механиките со драфтање (симултано или истовремено бирање на некои елементи од играта, најчесто карти).

7 wonders е игра со карти (згради, технологии, пронајдоци), во која преку драфтање секој играч ја развива својата цивилизација, притоа обидувајќи се да изгради некои од дадените чуда (Wonder-и) кои дополнително ќе го однесат на патот до победата. Како и оригиналната игра, и оваа е поделена во 3 ери, во кои картите се подобруваат и надградуваат, но само со паметно донесени избори во раните ери може да се искористи моќта на подоцнежните асови.

Основниот пат до победа е завршување на трите ери, и собирање на разните поени стекнати низ партијата. Но, немаше да биде Дуел, ако немаше директен конфликт. Така играта може да биде победена од првиот играч кој ќе го освои противничкиот град, со собирање доволно Military (воена) сила. Сепак не е се во силата, има нешто и во знаењето. Првиот играч кој ќе собере 6 различни (од 7-те можни) технолошки симболи – победува. Со овие методи, секоја партија ќе биде динамична и непредвидлива, исполнета со жртви од двете страни, само за да не му дадат на противникот шанса да победи. И доколку доволно долго го оневозможувате својот противник да најде воен или технолошки пат до победа, морате да соберете и повеќе поени од него.

И доаѓаме до делот кој е turn-off кај многумина. На светов наводно имало луѓе кои не сакаат да губат, и не сакаат да бидат мета на „хејт“ во игрите. А во оваа игра секој потег е и напад и гард (Шах, Го). Партнерот, другарот, братот ќе ви станат најголем непријател и било кој пропуст од ваша страна ќе значи победа за нив.

Најголемата доблест на оваа игра е нејзиното времетрање од 30 минути. Колку и да изгубите, нема да изгубите повеќе време од чекање ред во банка (или во Гоблин за време на Board game Day). Дур да завршите и на шалтер, веќе сте се одмаздиле за поразот градејќи го Колосот.

За искусните играчи нема да биде проблем совладувањето на разните симболи на картите, а од мое искуство ова е вистинска мамка за луѓе кои никогаш не виделе игри. Диверзитетот на акции претставен преку иконски слики на богови и статуи веднаш го вклучува играчот во темата, а со тоа и механиките на играта. Старите играчи лесно можат да вклучат нов играч, затоа што веднаш има кворум. За танго се потребни двајца, а Duel е токму тоа, брза акција преплетена со елеганција во секој чекор.

Во мала кутија и со малку компоненти, многу пристојна цена и ооооогромна игривост, играва нуди вечна забава. Веќе си го зацементира местото во Top 10 на Boardgamegeek, a минатогодинашната експанзија само го зголеми искуството, и навистина и додава на играта нова димензија, притоа надополнувајќи ги пропустите кај оригиналот.

Играта може да ја набавите во Гоблин Друштвени Игри по цена од 1790 ден.

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s