Terra Mystica

Terra Mystica

pic1356616

Дизајнер: Jens Drögemüller, Helge Ostertag
Број на играчи: 2-5
Ниво на комплексност: Средно-тешка
Возраст: 12+
Времетраење: 60-150 минути
Година на издавање: 2012
Boardgamegeek ранг: 4

Рецензија на Борис Момиќ

Еден од cornerstone-овите на европскиот стил на игра, а кај нас магично избегнуван наслов е играта Terra Mystica. Ваква длабока игра си бара време и размислување, кое не секој може да си го дозволи деновиве (размислувањето, that is…).

687474703a2f2f626f6172646f66706c6179696e672e636f6d2f776f726470726573732f77702d636f6e74656e742f75706c6f6164732f323031332f30352f47616d65426f617264544d2e6a7067

Долго време чекав да ја играм, за на крајот да испадне дека неколку пријатели ја имале во своите трезори. Не да се исплатешееееее… Од првиот 3 player, до понатамошните 4-5 player-и, па со експанзии, лелеле. Како и на нашиов сив свет, во Terra Mystica, има мал милион детали кои ќе Ви ја направат или скршат партијата. Во оваа игра, нема да изгубиш, освен ако сам не се „упукаш у колено“. А исто така, најверојатно, нема ни да победиш (зарем сеуште некој игра игри за да победи)?

Идејата позади механиките е дека, на Мистичниот свет има 14 раси кои населуваат 7 видови земја (на секој вид земја и одговараат 2 раси, од кои само еден може да се игра во дадена игра). Овие раси сакаат да ги прошират своите територии, но можат да се населуваат само на својот вид земја. Затоа, секој играч ќе мора да го тераформира земјштето кое сака да го насели. И тука лежи комплексноста на играта.

tm

Поради огромниот диверзитет на расите, нелинеарноста на мапата, неколкуте „рандом“ елементи (кои не може да се наречат фактор среќа), како и богатиот опус на акции кои може да се играат во текот на кругот (8) – ниедна партија нема да Ви биде иста.

_35

Во текот на шестте круга, во кои секој има доминантен начин за поентирање, играчите од своите раси (таблоа) ќе ја населуваат мапата со 5 различни типови на згради. Начинот на градење и надградувања е по избор на играчот и тука е уникатноста на сите раси. На почетокот сите почнуваат исто, но до крајот на играта секоја раса стигнала до својот бонус и својот начин за поентирање. Покрај мапата и очигледните поени, играчите ќе мораат да го растат своето влијание кај култовите и да градат што поголеми градови за да добијат уште поголеми бонуси. Точно е дека 14те раси не се сите подеднакво добри, но не е важен болидот, важен е пилотот, ако ме прашувате мене.

terramystica-overlay-inplace

Секако играва немаше да биде толку обемна ако се зависеше од расите. По неколку партии ќе сфатите дека неколкуте ресурси (кои можат да се конвертираат и манупулираат) си бараат сериозен менаџмент за да може да изиграте богат круг. Поседувањето на потребниот ресурс во правилниот момент е клучен фактор за консистентно поентирање. Ова воопшто не е лесно. Немаше да биде интересна играва, ако се беше на тацна. Некогаш ќе мора да жртвувате добар потег за полош, за наредниот да Ви биде најдобар.

 

И тука се двојат хардкор од casual гејмерите. Знам, знам… сите сакаат да пробаат. Ама ако не сакате да се „замарате“ да си го изменаџирате кругот најдобро што може, играва ќе ве казни. In the land of Terra Mystica, ONE DOES NOT SLACK!

pic2618491

…за сериозните:
Играта можете да си ја набавите во Гоблин – Друштвени игри и викајте ме за играње!

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s