Официјално лансирање на Small Star Empires

Fb-Launch-Cover-Public-Roo

“Small Star Empires” е првата оригинална македонска друштвена игра. Во оваа игра, играчите преставуваат различни цивилизации кои што ја колонизираат галаксијата со нивните бродови кои што ги поместуваат на модуларна мапа составена од хексагонални полиња (ѕвездени системи). Модуларната мапа се составува од 7 различни Сектори што овозможува секој пат да играте на мапа различна од претходниот пат.

На секторите се наоѓаат Ѕвездени системи, во кои што има одреден број на планети и во
зависност од бројот на планети, толку поени носи тој систем на крајот на играта. Оваа игра е
едноставна и брза за учење, но нуди многу стратешки избори што произлегуваат од
едноставноста на играта и модуларноста на мапата. Најчесто, за да одиграте една игра
потребно ви е околу 15 минути.

„За мене беше голем креативен предизвик да ја дизајнирам играва како и да ги создадам
графичките елементи и цртежот на кутијата“ – вели креаторот на играта, Милан Тасевски.
„Досега ја презентирав играта пред многу луѓе вклучувајќи луѓе од Македонија како и
посетители на најголемиот саем за друштвени игри во светот “Essen Spiel” во 2015. Можам
искрено да кажам дека добивме многу позитивни критики и всушност на саемот, многу луѓе
бараа да купат копија од играта! За жал, ние немавме копии за продавање бидејќи играта
сеуште не е произведена, но затоа луѓето ќе имаат шанса да ја поддржат преку Kickstarter
кампањата која ќе започне на 12-ти Март 2016.“

Small Star Empires е игра за 2-4 играчи, возраст 13+ и треба 15-20 минути да се одигра една
партија. Во кутијата на играта има сектори, фигури за играчите и правилник. Ќе започне со
продажба на онлајн платформата Kickstarter на 12-ти Март 2016, а ќе се одржи и настан на кој што ќе биде презентирана на истиот ден на лансирањето, со почеток од 18:00 во центарот за
дизајн и иновации – Јавна Соба (Public Room) во Скопје. Играта ќе чини 2000 ден, со вклучена испорака. За повеќе информации, посетете ја www.archonagames.com

За Archona Games

Archona Games е студио за друштвтени игри креирано од Милан Тасевски на почетокот на
2015. Започна како тим од еден човек но набрзо се прошири со уште двајца, Владимир
Трајчевски и Иво Нешковиќ. Како големи обожаватели на друштвените игри, тие се посветени да го шират зборот за друштвените игри и да ги посеат семињата на идни фанатици на овој жанр на забава. Владимир е сопственик и на единствената специјализирана продавница за друштвени игри во Македонија – Гоблин Друштвени Игри а Иво е страстен играч кој што има искуство во индустријата за видео игри. Милан, покрај дизајнирањето на Small Star Empires како и други идни игри е сопственик и на порталот за друштвени игри – boardgames.mk каде што пишува на македонски со надеж дека ќе ја прошири културата и забавната страна на друштвените игри во земјава.

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s