Рецензија на 2015 година

Eпа, помина и 2015-та!

Голема дружба падна меѓу мене и друштвените игри во минатата година. Биднаа многу убави работи кои што се поврзани со друштвените игри па затоа решив да споделам хронолошки што се случуваше со мене и оваа култура која што толку многу сите ние ја сакаме низ текот на годината.

Почетокот на мојата нова игра

На почетокот на јануари прекинав со работа како Game Designer за мобилни игри во македонската компанија Seavus. Tаму работев една година, стекнав супер искуство, запознав закон луѓе со кои уште се дружам и извадивме една игра Farkle Battlefield која што може да ја симнете и пробате на линкот.

Скоро цел живот знам дека сакам да се бавам со дизајнирање игри и откако ја напуштив работата веднаш се нафатив со дизајнирање на нешто што наскоро ќе биде прва моја официјална игра. Иако одамна на некој начин дизајнирам игри или што би се рекло народски „чепкам нешто“, првпат во мојот живот оформив нешто конкретно и прв пат концепт за некоја од моите игри се преточи во нешто што може да се игра.

sse v0.1
Првата верзија на Small Star Empires

Првата верзија на Small Star Empires ја направив некаде крајот на јануари. Понатаму во текот на годината скоро се што ми се случуваше беше во знакот на оваа игра. Ќе издвојам понатаму во текстов некои битни моменти и настани поврзани со играта.

Февруари ми помина главно во смислување и тестирање на нови механики за играта, нормално пропратено со играње на многу други игри.

Почетокот на boardgames.mk

cropped-bgmkbanner-031.png

Во март, започна со работа и ова ќоше од интернетот кое е посветено на промоцијата на друштвените игри во Македонија. Првиот артикл нормално е „Добредојдовте!“, а по неколку дена падна и првата рецензија. Свесен сум дека не е најдобриот сајт на сите времиња, но решив ипак да го започнам за колку толку да почнеме со ширењето на културата. Се надевам дека 2016 ќе бидам поактивен на сајтов, а се надевам и поканувам кој сака да даде допринос кон ова што е започнато тука, во било каков вид (рецензија, настан) слободно да ме исконтактира.

Организација на Денови на друштвени игри

mkposter-03

Во април, заедно со Гоблин Друштвени Игри, започнавме со организација на денови на друштвени игри и тоа со организирање на Меѓународниот ден на друштвени игри кој што се одржува секоја година во ист ден насекаде низ светот и кој што помина одлично!

Ден на друштвени игри на Саемот за книга

Како секоја година претходно, Гоблин повторно имаа свој штанд на саемот за книга кој што се одржа во мај и каде што ги организираа стандардните турнири во Magic. Оваа година заедно повторно, го имавме и Денот на друштвени игри на саемот каде што меѓу другото ја презентирав и следната верзија на мојата игра Small Star Empires.

Board Game Аџилак – Osogovo Con 2015

11731853_1035520733149223_2177367234581642657_o

Во јули, втора година по ред бевме на нашиот board game аџилак во преубавиот манастир Св. Јоаким Осоговски. Повеќе за тоа може да прочитате тука.

Нова сезона на Board Game Days

Во септември ја започнавме новата сезона на Денови на друштвени игри. Одржавме неколку такви до крајот на годината и ќе продолжиме со одржување во текот на 2016.

Archona Games @ Essen Spiel 2015

Essen Authors Promo

_DSC0940-square-promo

По прифатеноста на мојата игра меѓу луѓето во Македонија, решив дека треба да отидам и да ја промовирам мојата игра на најголемиот саем за друштвени игри во светот, Essen Spiel кој што традиционално се одржува во октомври во градот Есен, Германија. Ова ни беше втора година по ред, минатата бевме тројца луѓе само како посетители а оваа година и како exhibitor т.е. изложувач/издавач. Презентирањето на играта помина фантастично и за тоа можете да прочитате тука.

Гостување во најдобрата емисија за игри на цел свет во Македонија – GG.TV

По враќањето од Essen Spiel, дечките од GG.TV со кои што се познавам и лично, ме поканија да си помуабетиме на темата, што се случуваше во Есен и како си поминавме. Уште еднаш благодарам на поканата! Епизодата можете да ја ѕирнете тука.

Турнир во Hearthstone

Во декември се одржа турнир во една од најпопуларните игри со карти  -Hearthstone. Турнирот беше со огромен успех, играа околу 150 луѓе а ако ги броиме и посетителите кои не играа а дојдоа да гледаат, сигурно поминаа 300 луѓе тој ден на местото на настанот. Одлична организација од Гоблин Друштвени Игри, фантастичен пренос на GG.TV и еден од најдобрите проводи годинава дефинитивно!

Предновогодишен ден на друштвени игри

_DSC0054

И за крај, ја затворивме веќе старата 2015 со еден супер Предновогодишен ден на друштвени игри, каде што имаше многу луѓе, се играше цел ден од сабајле до вечер, се дружевме сите, поделивме некоја награда и како бонус левел: дојде телевизиска екипа од Телма да го сними настанот за прилог на вести. Благодарност до Нина и Телма! 🙂

Ај за крај

Можам слободно да заклучам дека сите овие убави работи што ми се случија, нема да беа возможни без поддршка од моето семејство, моите пријатели а и луѓето што ме поддржуваат за да ја издадам мојата прва игра. Огромна благодарност до сите, најбоље фраери сте! 🙂

Нека е жива и здрава новата 2016-та и голема да расте! Среќна нова на сите и се најдобро! Сакајте се, играјте многу игри и дружете се!

– Милан Тасевски

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s