Love Letter

По апсењето на кралицата Маријана за високо предавство, нејзината ќерка принцезата Анет останала тажна и со скршено срце. Додворувачи од целиот град пробуваат да ја ублажат нејзината тага и да и’ донесат малку среќа и радост во животот.

LoveLetter-Tempest

Дизајнер: Seiji Kanai
Број на играчи: 2-4
Ниво на комплексност: Лесна
Возраст: 8+
Времетраење: 20 минути
Издавач: Alderac Entertainment Group
Година на издавање: 2012

Вие сте еден од тие додворувачи кои што пробуваат да го пратат своето лубовно писмо до принцезата, но за жал таа се затворила во палатата. Затоа, мора да се потпрете на вашите гласници кои што ќе треба да и го однесат вашето писмо.

Во оваа мегапопуларна слатка и прекрасна игра, ќе играте со шпил од 16 карти на кои што се претставени разни личности од палатата на принцезата. На секоја од овие карти со одличен арт исто така се наоѓа и број – што поголем е бројот толку поблизу е таа личност до принцезата. Под бројката се наоѓа една или повеќе ѕвезди што всушност означуваат колку копии има од таа карта во шпилот. Најдолу на картата се наоѓа текст што ја опишува акцијата што ја извршува таа карта кога ќе биде изиграна.

81AxqwGA4oL._SL1024_

На почетокот, се меша шпилот од 16 карти и секој играч добива по една карта. Почнувајќи од првиот играч, на својот круг, секој од играчите ќе влече нова карта од шпилот и ќе треба да изигра една од двете карти во неговата рака. Откако ќе ја изигра картата, се извршува акцијата што е напишана на нејзе и играта продолжува со наредниот играч. Картите и нивните бројки и акции се следните:

  • Стражар (1) – 5 копии: Кога ќе ја изиграте оваа карта, именувајте друга карта освен Стражар и изберете друг играч. Ако тој играч ја има таа карта, тој излегува од рундата.
  • Свештеник (2) – 2 копии: Погледнете ја картата на друг играч.
  • Барон (3) – 2 копии: Вие и друг играч тајно си ги споредувате рацете. Играчот со помала бројка на картата излегува од рундата.
  • Слугинка (4) – 2 копии: До наредниот ваш круг, ги игнорирате сите ефекти на карти одиграни од другите играчи.
  • Принц (5) – 2 копии: Одберете еден играч вклучувајќи се себеси и тој играч треба да ја фрли неговата карта и да влече нова карта.
  • Крал (6) – 1 копија: Сменете си ги картите со друг играч по ваш избор.
  • Контеса (7) – 1 копија: Ако ја имате оваа карта во рака заедно со Крал или Принц, мора да ја фрлите оваа карта.
  • Принцеза (8) – 1 копија: Ако ја фрлите оваа карта, излегувате од рундата.

4608081162

Па така, играчите ја влечат горната карта од шпилот и играат една од нивните две карти во раката се додека или не остане само еден играч во игра кој што е автоматски победник (другите изгубиле по пат на елиминација од рундата) или додека не се потроши шпилот. Во случај да се потроши шпилот а да има повеќе играчи во игра, тие ги покажуваат своите карти во раката и играчот со најголемата бројка успеал во својата намера да го прати писмото до принцезата преку нејзиниот најблизок човек и тој е победникот за оваа рунда. Победникот исто така добива „токен за привлечност“.

Конечниот победник се знае откако ќе се изиграат повеќе рунди и играчот со најмногу токени за привлечност успеал во својата намера и ја добил љубовта на принцезата.

Ова е одлична забавна и брза игра за да ја играте со вашето друштво. Не бара големо знаење од механики на друштвени игри па затоа е и многу погодна за тазе играчи. За нејзината популарност говори и фактот што самата игра е официјално преработена во повеќе теми меѓу кои The Hobbit, Batman итн. Но без разлика на тоа дали сте ветеран или гуштер во светот на друштвените игри, оваа игра ви гарантира забава!

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s