Интервју со Тхе Мичо

11081249_1000295943313793_6263469051280150763_n

Интервју на Милан Тасевски

Епа луѓе! Имав можност да си направам многу убав муабет со еден од најистакнатите артисти-цртачи во Македонија и пошироко, еден од ретките луѓе од кај нас кои што директно се вклучени во градењето и ширењето на светската бордгејм заедницата и култура и апсолутен мразач на симити и Скопје 2014 (а кој не е?) – Михајло Димитриевски – Тхе Мичо!

Тхе Мичо досега работел на повеќе бордгејм проекти меѓу кои е и Shipwrights of the North Sea – една од најпознатите игри со негов арт, но ајде да не го расипуваме муабетов и да оставиме он да си го каже своето:

boardgames.mk: Здраво брат! Ајде накратко претстави се:

Тхе Мичо: Јас сум Тхе Мичо а.к.а. Михајло Димитриевски – битолчанец со тапија. Живејам, творам и ретко спијам во Битола.

Bg.mk: Колку време се занимаваш со цртање?

TM: Појма немам ваљда долго пошто не памтам од кога почнав. Знам само дека книги шо имаф дома све имав ичкртано по маргините. Шо би се рекло цртам од мал. Само за то ме бива – и ако не цртам ваљда ќе бидам таксист – за шо ќе треба да полагам за кола.

Bg.mk: Како се роди твојата љубов кон цртањето?

ТМ: Труп. За ништо друго не ме бива… беше или цртање или, шознам, политичар… така да – цртање.

shipwrights2
Shipwrights of the North Sea – Garphill Games

Bg.mk: Кои ти се успешни проекти надвор од доменот на друштвените игри?

ТМ: Изградба на регионалниот пат Егри – Белинбегово, Жилче -Радобор, како и издавање на збирката “Најголемите шегаџи Одприлеп”. То успешноста е релативна работа. Ако е чоек задоволен – успешен е. Не бркам нит фирми нит сум нешто посебно надрвен да бркам јаки проекти. Шо има за убо е. Кај нас најпоќе ме знат ваљда по Еднооки и Петко, Чунга Лунга… Надвор ме знат најпоќе по то игрите – и еднаш на нејќење шо ме има во една книга со најаките цртачи од свето (Dark Horse –The Sakai Project-покрај Мињола, Сакаи, Дејв Гибонс, Корбен, Габриел Ба, Френк Чо, Артур Адамс, Ерик Пауел, Мат Гроенинг и слични). Ваљда има и друго нешто – не ми текнува.

Bg.mk: Како дојде до тоа Тхе Мичо да црта друштвена игра?

ТМ: На нејќење. Ми се јавија дечките од Garphill Games од Нов Зеланд и побараја арт за игра нивна со викинзи (Shipwrights of the North Sea). Бараја нешто ко карикирано – јас му напрајф ко шо мислеф и ептен топ излезе и сите се задоволни и среќни. Сеа го завршив третиот дел од играта. Пошто бордгејм заедницата е фантастично нешто – почнаја буквално да се јавуват од сегде за игри – и ете… сеа то ми е една од главните преокупации.

12074987_1114739491869437_7105994623767961411_n
Valeria: Card Kingdoms – Daily Magic Games

Bg.mk: Многу луѓе се фанови на твојот посебен стил. Како дојде до него, кој или што ти беше инспирација за да го изградиш?

ТМ: Госпо зравје да му дај на Картун Нетворк, на то Самурај Џек, Декстер и Паурпаф Грлс. Убајна – ем стилизирано ем брзо за работа. Ко ќе незнај чоек анатомија (а знам) многу се најдва та стилизацијата. Башка шо најпоќе сакам картун нетворк стил, гледам за се да ме бива за да ми е интересно. Пошто ако работиш исто досадно е – вака можам да менвам 10 пати во тек на ден. Од игри, стрип од анимација и илустраци. Сакам многу пејнтање и такви епик илустраци – ама на крајо на дено цртеж стилизиран најпоќе сакам.

Bg.mk: На колку друштвени игри имаш работено до сега? Дали во иднина очекуваш нов ангажман?

ТМ: Не знам, 10+ во скоро 2 години: Shipwrights of the North Sea, Raiders of the North Sea, Explorers of the North Sea, Valeria, Villages of Valeria, Redacted, D. Alfonso Enriques, Estoril, Karnivore Koala, Castle, Dragon Keepers и уше неколку шо во моментов ги работам и некои шо чекат на ред. Тие ќе кажам ко ќе мом да кажам – сеа јок. 🙂

kkoala
Karnivore Koala – Voodoo Games

Bg.mk: Која е твојата омилена игра на која што си работел?

ТМ: Па од игри ако прајме муабет – Shipwrights of the North Sea… прибидејќи прва и ме лансира во тие води, шо искрено не знаеф дека постојат. Шо ти била кул бордгејм заедницата – браво.

Bg.mk: Освен Star Wars за кој што знаеме дека си фан број 1, на што друго си голем фан?

ТМ: Абе реално не сум фан број 1. Има луѓе шо се далеку, далеку поголеми фаној од мене. Јас сум фан на каноно и во глобала ом по линијата на филмојте, то игри и експендед јуниверз не ми се онака омилени. Дури и цртаните Клон Ворс и Ребелс ми се така – одвратнички. Ама зато Клон ворс од Тартаковски – мадрфакр (види погоре – картун нетворк делот – а и 2дето уопште). Иначе голем фан и среден експерт за Хобит, Лотр и Гејм оф тронс. Модерате шо би рекле. И стрипој нормално. Све од стрипој. Освен Загор… него го неќам толку.

12274368_1132346743442045_5717313854452653215_n
Thrall – Warcraft – Fan Art
11406395_1045214122155308_1097012256862947610_o.jpg
White Walker – Game of Thrones – Fan Art

Bg.mk: Некои корисни tips and tricks за младите цртачи? 🙂

ТМ: Ето еден тип: не бидете говнари. Никој нејќи говнари. Трол и шупак можиш да бидиш, ама ако си говнар никој ќе те неќи. Така да пулете прајте – најубо да цртаж, ако си говнар се заеба. И само работа. Ништо не е џабе -учењето никогаш не престанва. Престанва ко ќе умри чоек.

Bg.mk: Што ќе кажеш за крај?

ТМ: Оти крај? Ево за крај на ова интервју: се надевам на многу во иднина – добро бе скопјани – ај скопје 2014 шо е срање, срање е, ама симит бе?

Уште еднаш му благодариме на Мичо за ова супер интервју како и за „пакетчето“ со негови игри што ни го прати пред недела дена и му посакуваме уште многу успешни игри, да биде задоволен и нареден пат кога ќе се видиме да го частиме еден симит! 🙂

11219062_546151248882983_4310023568724062570_n
Тхе Мичо „пакетче“ за Нова Година! 🙂
Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s