Puerto Rico

Рецензија на Јане Неделковски

puerto-rico

Со доаѓањето на Кристофер Колумбо во Порторико започнува колонизирањето и експлоатирањето на ресурсите на овие острови од страна на Шпанија.

Во оваа игра играчите управуваат со главниот град Сан Хуан и нивната цел е да направат колку е можно повеќе поени преку тргување и одгледување разни добра (кафе, шеќер, индиго, пченка), градење најразлични згради и испраќање на ресурси во Шпанија.

Дизајнер: Аndreas Seyfarth
Број на играчи: 2-5
Ниво на комплексност: 3 (Средна)
Возраст: 12+
Времетраење: 90+ минути
Издавач: Rio Grande Games
Година на издавање: 2002

puerto-rico (1)

Сите играчи добиваат пред себе табла која го претставува Сан Хуан, неколку даблуни (пари) и една плантажа. Во текот на играта тука се создаваат нови плантажи и згради кои, управувани од колонистите, произведуваат некој ресурс или подобруваат некој аспект од играта.

Потегот се одвива така што стартниот играч – „гувернерот“ одбира една од седумте професии, кои се претставени како карти,  и ја извршува со некаква привилегија (бонус). Потоа сите останати играчи ја извршуваат истата професија, но без привилегијата. До крајот на рундата оваа професија не е на располагање на другите играчи. Потоа, следниот играч до гувернерот бира една од останатите шест професии, која исто така сите ја извршуваат и така со ред додека секој не одбере по една професија.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Седумте професии се:

Settler: Создавање на нова плантажа
Major: Добивање колонисти
Builder: Градење на некоја градба
Craftsman: Произведување добра на плантажите со колонисти
Trader: Продавање на добра
Captain: Испраќање добра преку бродови во Шпанија
Prospector (x2): Добивање еден даблун

Откако сите играчи ќе одберат професија, гувернер станува играчот лево од претходниот гувернер, сите професии повторно стануваат достапни и започнува нова рунда на бирање.

Ова е суштината на играта и тука се создаваат главните конфликти меѓу играчите – која професија да се одбере и да се има најголема корист, но најмалку да имаат корист од неа останатите играчи.

Правилата се со средна комплексност, но кога ќе се совладаат, играта тече брзо и партиите завршуваат по час или час и половина. Проблем за некој може да претставува тоа што конфликтите се индиректни и нема многу комуникација меѓу играчите. Играта е „чиста стратегија“ со исклучок на некои незабележливи рандом елементи и ако играте со нов играч во голема мера се губи балансот со давање на огромни шанси за успех на играчот од левата страна на „новајлијата“.

puerto22

Понекогаш се случува да заглавите на дел од играта чекајќи некој играч да ја одбере оптималната професија, но тоа не е често и обично се случува при крај на партијата кога е и најгусто. Играва е многу популарна и преанализирана од страна на играчите, што за некој претставува губење на забавниот дел.

Се на се, Puerto Rico е одлична игра со многу суптилна механика (позајмена подоцна од голем број други игри) која ги држи играчите во неизвесност и има огромна „replayability value“ – ниедна партија нема да ви биде иста со претходната! На крајот и ако сте загубиле, пред вас е Сан Хуан со сите објекти, работници, плантажи… кои даваат ептен силно чувство дека сте постигнале нешто.

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s