Ticket to Ride

Рецензија на Јане Неделковски

o3in64rmi7lbo8wrbmxa

Инспирирани од патувањата околу светот на Филеас Фог, секоја година се собирате со пријателите да раскажувате за патешествијата и авантурите кои сте ги имале, се додека еден ден не решите да ги направите работите поинтересни…

За облог од еден милион долари се натпреварувате со пријателите, кој ќе посети најмногу градови со железница низ цела Северна Америка во период од седум дена.

Дизајнер: Alan R. Moon
Број на играчи: 2-5
Ниво на комплексност: 2 (Лесна)
Возраст: 8+
Времетраење: 45 минути
Издавач: Days of Wonder
Година на издавање: 2004

Во Ticket to Ride играчите се обидуваат да освојат што повеќе поени со поврзување на градови со железница. Има три начини на кои освојувате поени:

  1. Со поврзување на два соседни градови со возови.
  2. Со поврзување на два градa кои се истакнати на вашите карти со мисии (тикети за дестинација).
  3. Со направена најдолга железница, која се состои од најмногу поврзани вагони.На почетокот, сите играчи добиваат по 45 вагони од својата боја, четири карти од заедничкиот шпил и по три тикети за дестинација. Заедничкиот шпил е составен од карти во седум различни бои и џокери кои ја заменуваат било која боја. Со овие карти во текот на играта ќе поврзувате соседни градови со тоа што треба да изиграте одреден број на карти од бојата која е назначена на таблатa.
    trains_0На својот потег играчот има три избора:
    1. Поврзување два соседни градови со вагони (oваа акција се прави така што после играњето на потребните карти, ставате и соодветен број на вагони од вашата боја на пругата меѓу двата града).
    2. Влечење на две нови карти.
    3. Влечење на нови тикети со дестинација (тикетите со дестинација всушност преставуват мисии кои на крајот ви носат поени ако сте успеале да ги поврзете назначените градови).Кога на некој играч на крај од потегот ќе му останат нула, еден или два вагона во неговото купче, сите останати играчи добиваат уште еден последен потег. Потоа ги собирате останатите поени од мисии и најдолга железница и играчот со најмногу поени е победник.
    TTRAlvinAndDexterTicket to Ride спаѓа во категоријата на игри со лесна комплексност, што значи дека правилата се лесни и набрзина може да се впуштите во играта, а самите партии траат од 45 до 60 минути. Визуелно изгледа одлично и компонентите се квалитетно изработени, што е карактеристика на сите игри на производителот Days of Wonder. Механиките се едноставни и дозволуваат влијание на среќа во играта, поради што малку е тешко да се планира однапред. Но, од друга страна ова доведува до интересни конфликти меѓу играчите, а малата хаотичност се надминува лесно со добра стратегија. Ако ви се допаѓа темата, сигурно би ви ја препорачал Ticket to Ride, особено ако првпат се среќавате или пак немате големо искуство со друштвени игри.
    Kupete ja vo Goblin
Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s