Memoir ’44

memoir-44-sword-beach-800

Memoir ’44 е историска воена игра во која што двајца играчи ги одигруваат клучните битки од Втората светска војна вклучувајќи ги плажата Омаха, мостот Пегаз итн. Во оваа игра едниот играч игра на страната на Оската додека пак другиот на страната на Сојузниците. Играчите ќе го напаѓаат непријателот со своите единици составени од пешадија, тенкови и артилерија. Откако еден играч целосно ќе уништи единица на противникот тој добива еден медал. Оној играч што ќе собере одреден број на медали во зависност од битката, ја добива партијата.

Дизајнер: Ричард Борг
Категорија на игра: Воена игра
Број на играчи: 2
Ниво на комплексност: 2 (Лесна)
Возраст: 12+
Времетраење: 30-60 минути
Издавач: Days of Wonder
Година на издавање: 2004

Подобро опишана, Memoir ’44 е тактичка воена игра во која е вклучен мал момент на среќа но која што сепак повеќе зависи од изборите на играчите. Таа го користи таканаречениот Commands & Colors систем во кој што мапата т.е. бојното поле е поделено на 3 дела – лев, централен и десен ранк и кој што вклучува карти кои се играат како акции во еден од тие ранкови.

IMG_4711

Па така на пример, со некоја од картите ќе можете да активирате 3 единици од левиот ранк, кои што пак ќе имате избор дали да ги поместите или aко сте во домет да пукате по непријателските единици. Битките се решаваат со фрлање на коцки. На секоја од коцките има симболи кои што даваат различен резултат:

MemoirDice1

Војник – ако сте нападнале пешадиска единица, овој симбол нанесува еден погодок
Тенк – ако сте нападнале тенковска единица, овој симбол нанесува еден погодок
Граната – џокер погодок – важи за сите единици во играта (единствен начин да погодите артилерија)
Ѕвезда – промашување
Знаме – непријателската единица мора да се повлече едно поле наназад

По ова, другиот играч е на ред да изигра една карта од неговата рака.

Иако лесна игра за објаснување и за играње, оваа игра сепак бара добро стратешко играње од страна на играчите, кои што мораат да осмислат тактика како да го победат противникот со помош на картите што ги имаат во рака но и да го искористат различниот терен на мапата во нивна полза. Агресивноста е исто битна, но треба да знаете каде и кога да тргнете во поход а каде треба да ја задржите позицијата и да не дозволите непријателот да ја пробие.

Навраќајќи се на теренот, тоа е она што ја прави играта интересна и што додава многу на тактиката и стратегијата на играчите. Па така на пример, единица што ќе нападне непријателска единица која што е сместена во град ќе фрла една коцка помалку поради теренот. Друг пример е дека единица што напаѓа единица качена на рид исто така добива една коцка помалку за фрлање.

memoir-44-reference-cardmm_compendium_terrain_30 (1)mm_tp_photo1
Друг доказ за тоа дека играта е успешна и многу добро прифатена меѓу бордгејм заедницата е и бројот на официјалните експанзии кои што се излезени за основната игра. Со експанзиите, играчите добиваат авиони кои што ќе можат да ги контролираат како и другите единици, нови типови на терени, нови минијатури (јапонска војска, британска војска итн.), многу нови сценарија и нови механики кои што само ја надополнуваат веќе одличната игра. Уште еден доказ за успешноста на играта се и наградите кои што ги има добиено низ текот на годините откако е излезена.

elderand-me109

Ја препорачувам на сите фанови на темата Втора светска војна и на сите што сакаат да фрлат по некоја коцка а да не е Risk! Балансирано ниво на тактика, среќа и забава. Посебна препорака до сите парови – бидејќи е еден на еден, вашето ривалство ќе биде поголемо и поинтересно од кога било! 🙂

Играта може да се купи во продавницата Гоблин Друштвени Игри во Скопје.

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s