Osogovo Con 2015

Уште од пред некоја година, низ нашево гејминг друштво се вртеше една идеја а тоа беше да одиме некаде на викенд и да се изнаиграме онака јако. Онака 3-дена-нон-стоп-играње јако (nerd alert). Меѓу една од идеите беше идејата на нашиот другар Наум (инаку еден од водителите на GG – емисијата за видео игри), кој што потекнува од Крива Паланка и ни предложи да отидеме на еден викенд во манастирот Св. Јоаким Осоговски. Па така, уште лани го организиравме првиот ваков викенд или првиот наш board game аџилак. Но, лани за лани, тогаш уште сајтов го немаше па нема поента да пишуваме за лани. Ама минатиов викенд бевме пак, па може да напишеме нешто малку за тоа.

20224_1034706279897335_3956660263337023246_n

Манастирот Св. Јоаким Осоговски се наоѓа на 2-3 км од Крива Паланка на Осоговските Планини. Стариот манастир кој што е основан некаде во 12-тиот век и спаѓа во еден од најубавите манастири во Македонија.

Погледите и пејзажите од секое ќоше во овој манастирски комплекс не се опишуваат со зборови. Надморската висина, густото зеленило и чистиот воздух, убавите цвеќиња, конаците, разните градби и мирот кој што е присутен низ целиот манастир само придонесуваат кон заклучокот дека ова место може слободно да се нарече „мало парче осоговски рај“. Па така, од „нашиот“ бордгејмерски аспект човек ќе заклучи дека ова е идеалното место да се играат нашите омилени игри.

Откако пристигнавме во петокот некаде во приквечерните часови, се сместивме во манастирските конаци и веднаш се впуштивме во нашата „работа“. Во текот на тие 3 дена одигравме околу 40-тина партии различни игри, од лесни и брзи до тешки и долги. Ајде да почнеме со полесните:

Port Royal

Лесна игра која што се игра само со еден шпил карти. Главната механика е купување на картите што излегуваат секоја рунда а играчите ги купуваат овие карти со помош на праќање на бродови (карти) кои што носат одреден број на пари. Победникот е оној кој ќе има најмногу поени.

Bang: The Dice Game

11216820_1034023089965654_5264935326947261240_n

Интересна и лесна игра со скриени улоги и фрлање коцки. Играчите можат да бидат Sheriff, Outlaw или Renegade. Целта на Sherrif-от е да ги убие Outlaws, целта на Outlaws e да го убијат Sherrif-oт а целта на Renegade-от е да ги убие сите. Заклучивме дека на Renegade-от му е најтешко бидејќи треба да остане последен од играчите во игратa. 

Coup

11704829_1034075856627044_3437517769643208796_n

Одлична игра, повторно со скриени улоги но со блефирање како главна механика. Секој играч добива две карти на кои што се наоѓаат карактери и ги става карактерите пред него свртени со лицето надолу. Секој од карактерите во играта ви дава можност да правите различна акција на пример да земете пари, да убиете нечиј друг карактер и сл. Ама бидејќи карактерите на другите играчи се скриени и секој си ги знае само своите два карактера, има голем простор за блефирање. Кругот тече на следниов начин:

1. На ред е Тони. Тони вели дека еден од карактерите му е Duke, кој што му дава да си земе 3 парички од купот.
2. На ред се другите играчи да кажат дали му веруваат дека навистина има Duke или дека лаже.
3. Ако сите му веруваат на Тони дека има Duke, тој ќе си ги земе 3-те парички. Ако на пример Петар му рече дека нема Duke, Тони мора да открие една од неговите карти.
4. Ако навистина има Duke и го открие, Петар ќе мора да си убие еден од своите карактери и да продолжи само со еден карактер до крај на партијата. Ако Тони нема Duke, он е тој што ќе мора да си убие еден од карактерите.

Играчите губат кога двата карактера ќе им ги убијат а победник е тој што останал сам на крајот од играта.

Small Star Empires

11807345_1035519826482647_5837494329447942251_o

За оние што не се информирани, тоа е мојата прва игра која што се надевам ќе излезе во наредниот период. Во оваа игра, секој играч контролира вселенски бродови кои што патуваат низ галаксијата која што е претставена со хексагонална мапа. На мапата се наоѓаат ѕвездени системи со 1, 2, или 3 планети. Кога играч ќе го помести својот вселенски брод на ваков систем тој става маркер кој што означува дека го контролира тој систем. Играта завршува кога сите играчи ќе ги потрошат своите маркери или нема да можат повеќе да ги поместуваат своите бродови а победник е тој што има најмногу поени.

(Ако сакате да ме поддржите во издавањето на играта, сега за сега доволно е само еден лајк на facebook на следниов линк: Small Star Empires Ви благодарам!)

Blueprints

11802529_1035519509816012_6878166212455422351_o

Повторно одлична и лесна игра во која што главната механика е фрлање и драфтање коцки и правење сетови. Играчите се архитекти кои што имаат 3 рунди да изградат 3 различни згради. Зградите се наоѓаат на карти кои што играчите ги добиваат секоја рунда како задача да ги изградат и ги ставаат позади параван за да не можат другите играчи да ги видат. На картите има разни комбинации на згради а коцките се деловите од зградата кои што се градат и можат да бидат од 4 матерајли (дрво, стакло, камен, рециклиран материјал).

Различните комбинации на коцки даваат различен број на поени. Интересното е што поените што ги добивате на крајот на секоја рунда не се поените кои што се сметаат на крајот на играта, туку тие се чисто за да се покаже кој ќе ја добие наградата-карта за 1-во, 2-ро и 3-то место за таа рунда. Овие награда-карти се всушност оние кои што на крајот даваат 1, 2 или 3 поена. Победникот е тој што има најмногу поени на крајот на играта.

Tiny Epic Kingdoms

11036957_1034706119897351_3000183415212707563_n

Брза стратешка игра во која што како главна механика се провлекува area control. Секој играч е водач на некоја фантастична раса која што има специјални акции. Собирате мана, руда и храна и со помош на тие ресурси, ставате нови човечиња на мапата, ги поместувате и војувате со другите играчи. Играта завршува кога некој играч ќе го постави своето последно човече а победник е оној кој има најмногу поени.

Trains and Stations

11017192_1035520709815892_7360481860087100687_o

Супер интересна, лесна и со интересни механики кои што вклучуваат фрлање коцки, собирање сет карти итн. Со помош на коцките ги пополнувате пругите меѓу градовите низ Америка а кога ќе завршите пруга добивате поени и бенефити од градовите кои што сте ги поврзале.

Polis: Fight For the Hegemony

11705204_1034023106632319_1067725787232455682_n

Веќе стигнавме кај тешките. Длабока стратегија со многу интересни и оригинални механики. Во оваа игра која што е само за двајца играчи, едниот играч ги контролира Атињаните а другиот Спартанците во времето на Пелопонеските Војни. Меѓу акциите кои што играчите можат да ги направат се собирање ресурси од провинциите (метал, дрво, сребро, храна итн), тргување, правење војска и поместување на војска, освојување на туѓите градови (полиси) итн. Оригиналните механики ви нудат многу мислење и супер забава.

Clash of Cultures

11794532_1035519723149324_6866071999042318247_o 11754728_1035519766482653_8081530934260961338_o

Ок. Стигнавме кај ѕверот. Мојата најомилена игра во моментов. Сте играле Civilization 4 или 5 на PC? Епа ова е тоа само во board game варијанта. Clash of Cultures со тројца траеше добри 4 саати. Нема да одолговлекувам многу околу оваа игра, бидејќи ќе напишам посебна рецензија за неа (па можеби и за некои од другиве пак ќе пишам). Само ќе го кажам следново. Clash of Cultures најверојатно за мене е се она што сакам да го има во стратешка друштвена игра. Многу одлуки, многу можности и нешто што е многу важно за ваква игра: интуитивност во самите механики и акции. Навидум може да изгледа многу тешко, но навистина се е многу интуитивно. Како што спомнав, многу концепти и механики се инспирирани од култната серија игри на Sid Meier, и луѓето што ги играле овие игри дефинитивно ќе ги препознаат концептите во Clash of Cultures. Хард-кор бонбона игра.

Се играа уште неколку игри во кои што јас не учествував бидејќи во еден момент бевме 10-тина луѓе и немаше можност да се игра нешто заедничко. Еве ви комплетна листа на што се се изигра викендов:

15x Coup
9x BANG! The Dice Game
3x Tiny Epic Kingdoms
2x Jaipur 
2x Saint Petersburg
2x Trains and Stations
2x Viceroy
1x Blueprints
1x Polis: Fight for the Hegemony
1x Port Royal
1x Small Star Empires
1x Clash of Cultures

11731853_1035520733149223_2177367234581642657_o

 

_DSC0088

Се на се, одличен викенд, многу одиграни игри, уживање во природата и убавиот воздух, спиење на нормални температури за човечкото тело и добра забава! Наредна година пак и повеќе од сега!

– Милан

Advertisements

2 thoughts on “Osogovo Con 2015

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s