Lords of Waterdeep

pic1116080За сите што играле Dungeons and Dragons или барем некоја од видео игрите во кои што приказната е дел од Forgotten Realms светот од системот на D&D, името Waterdeep ќе им биде многу познато. Тоа e град-држава на Брегот на Мечот (Sword Coast) во кој што сигурно сте поминале со своите јунаци во игрите како Baldur’s Gate, Neverwinter Nights итн. Во „Градот на величенственостите“ како што е познат меѓу луѓето во тој свет, владее криптократија – влада во сенка во која што учествуваат тајни лордови од подземјето. Тие се борат секогаш за моќ и ќе ги искористат сите ресурси на нивно располагање за да станат посилни, но никогаш не се откриваат кои се!

Дизајнер: Родни Томпсон, Питер Ли
Категорија на игра: Стратегија
Број на играчи: 2 – 5
Ниво на комплексност: 2 (Лесна)
Возраст: 12+
Времетраење: 60 минути
Издавач: Wizards of the Coast
Година на издавање: 2012

Вие сте еден од тајните лордовите од градот Waterdeep и ќе направите се за да добиете што повеќе моќ и влијание. Тоа ќе го постигнете со користење на ваши агенти кои ќе ги поставувате на различни локации на таблата. Со помош на агентите, ќе врбувате различни видови авантуристи со кои ќе завршувате различни видови quest-ови од кои ќе добиете поени.

waterdeep
Изгледот на играта е фантастичен, мапата на градот е уметничко дело

Пред да започне играта, секој играч треба да одбере со која од 5-те куќи во играта ќе игра, и ги добива агентите (човечиња) од неговата боја и лист на кој што ја има неговата таверна. Таверната служи за привремено сместување на вашите авантуристи откако ќе ги врбувате и пред да ги пратите да завршат некој од вашите quest-ови. Секој играч влече и по една Лорд карта на која што пишува за кој тип на quest-ови играчот на крај ќе добие бонус поени. Играчот  добива и два почетни quest-ови кои што се влечат од шпилот. Се поставува таблата на која што се наоѓа градот со различните локации. Откако ќе се наместат и другите компоненти од играта на таблата играта може да започне.

low-3Таверните на зелениот и жолтиот играч

Lords of Waterdeep e worker placement игра која трае 8 рунди а секоја рунда е поделена на одреден број кругови во зависност од бројот на играчи. Рундата започнува со тоа што првиот играч го поставува својот агент на некоја од локациите во градот. Со самото поставување на агент на некоја локација, играчот веднаш добива одреден тип авантурист, пари или извршува некоја дополнителна акција. На овој начин играчите ќе ги собираат ресурсите за да можат да ги завршат нивните quest-ови од кои што ќе добијат поени и можеби дополнителни ресурси за понатаму. На една локација може да биде поставен само еден агент во рунда, што значи дека до крајот на рундата, бројот на локациите достапни за играње се намалуваат. waterdeep_ch1

waterdeep (1)Лорд и quest карти

Друга важна акција која што можат да ја извршат играчите е да изградат нивна зграда/локација во градот, која што исто така дава дополнителна акција. Со градењето на нова локација, играчите имаат можност да играат повеќе акции, и секој пат кога нечиј друг агент ќе стапне на вашата локација освен што тој ќе земе ресурси за него, и сопственикот на зградата добива бенефит (ресурси).

lords-of-waterdeep-5-copy
Основните локации/акции низ градот

Откако ќе се постават сите агенти, завршува рундата. Играчите ги земаат агентите назад во нивната таверна и почнува наредната рунда. На крајот на играта, сите играчи ги покажуваат своите лордови и се пресметуваат поените. Кој играч има најмногу поени е победникот! Главната стратегија во играта е што побргу да ги завршувате quest-овите и да пробувате да ги блокирате другите играчи од локациите на мапата. Олеснителна околност е дека можете да ги гледате quest-овите на другите играчи и според тоа да пресметате што ресурси им требаат, па така можеби ќе им блокирате некоја од локациите што им ги дава тие ресурси. Конкретно овој момент од играта искрено мене не ми се допаѓа многу, јас би сакал да има помалку информации за quest-овите па според акциите на играчите да може да се процени што ресурси би им требало, но не е толку страшно. Играта има и експанзија која што додава 6ти играч и јас не сум ја играл, а сум слушнал од луѓе дека ја прави далеку поинтересна и поигрива. Без разлика, Lords оf Waterdeep е супер лабава и лесна игра која што се учи и сфаќа многу брзо, лесно се објаснува а за изгледот да не правиме муабет, фантастична изработка, видете сами!

Играта може да се купи во продавницата Гоблин Друштвени Игри во ТЦ Буњаковец.

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s