Брзи империи!

pic1443212

Сте сакале некогаш да изградите империја, но не сте имале толку време? Тогаш Eight-Minute Empire е играта за вас! Изградете империја и освојте ја земјата за отприлика 8 минути!

Дизајнер: Рајан Лаукат
Категорија на игра: Стратегија
Поткатегорија: Освојување територии
Број на играчи: 2 – 5
Ниво на комплексност: 1 (Многу Лесна)
Возраст: 13+
Времетраење: 8-15 минути
Издавач: Red Raven Games
Година на издавање: 2012

Во Eight-Minute Empire, играчите контролираат различни нации кои што решиле да ја населат земјата околу нивното родно огниште и да изградат империја. Тие тоа ќе го прават со помош на своите армии, кои што ќе ги распоредуваат по териториите на мапата, а армиите ќе ги поместуваат со помош на карти на кои што има различни акции.

_DSC0009
Поставеност на компонентите

На почеток на играта, играчите добиваат одреден број на злато кое што ќе го трошат во текот на играта за да играат некои од подалечните карти кои што се понудени како акции. Исто така, секој играч поставува 3 армии (една армија=една коцка) на почетната територија и играта може да започне.

_DSC0031
Армија, град и злато

Секој играч на својот круг одбира една карта од понудените 6 карти во редот над мапата и ја извршува акцијата запишана во долниот дел на самата карта. Во зависност од тоа која карта ја одбрал од понудените 6, тој ќе треба да плати толку злато. Првата карта во редот чини 0 злато, втората 1, третата исто 1 и така натаму.

_DSC0018
Од лево кон десно, картите чинат 0,1,1,2,2 и 3 злато

Акциите кои што можат да се сретнат на картите се следните:

Постави нови армии на мапата: бројот на армиите кои што може да ги поставите е прикажан на самата карта и тие може да ги поставите или во почетната територија или на територија каде што имате град.

Помести армии: во зависност од тоа колку армии (коцки) се прикажани на картата, вие добивате толку поени за мрдање. Ако на пример има 3 коцки, вие добивате три поени за мрдање. Со тие 3 поени можете да мрднете 3 различни армии на некои од нивните соседни територии, или пак да мрднете една армија 3 пати на мапата. Може да се прават и комбинации на пример: да мрднете една армија два пати и една армија еднаш.

Помести армии преку копно/море: бидејќи претходната акција не дозволува поместување на армии преку море, оваа акција ви дава опција да поместите армии преку копно или преку море. Армии преку море можете да поместите само помеѓу територии поврзани со точкаста линија.

Изгради град: со оваа карта може да изградите град на територија каде што веќе имате барем една ваша армија. Подоцна ако искористите карта за поставување на армии, можете да ги поставите на оваа територија.

Уништи армија: можете да уништите армија каде било на мапата.

Откако играчот ја изиграл акцијата, тој ја зема картата и ја става пред него. На горниот дел од картата се наоѓа еден од ресурсите кои што се присутни во играта (морков, дрво, рубин, наковална итн). Во зависност од тоа колку ресурси од одреден тип играчот има на крајот на играта, ќе добие толку поени плус. Бројот на поените во зависност од тоа колку карти има од тој ресурс се прикажани на самата карта. На пример, ако на крајот, играчот успеал да соберете 2 наковални ќе добие 1 поен плус. Ако успеал да соберете 4 наковални пак, ќе добие 2 поена плус итн. Картите се поместуваат кон лево, за да се пополни дупката што е оставена од картата што е земена и се надополнува редот со нова карта од шпилот.

_DSC0030
Комбинација од карти со моркови

Во зависност од бројот на играчи, играта завршува кога сите играчи ќе изиграат (земат) одреден број на карти. По завршувањето, играчите ги бројат своите поени. Поени се добиваат од следниве работи:

Контрола на територија: секој играч добива 1 поен за секоја територија што ја контролира. За да ја контролира територијата, играчот мора да има барем една армија повеќе од сите играчи на таа територија. На пример, во една територија, зеленот и синиот имаат по 2 армии а белиот има 3 армии. Белиот играч ја контролира територијата. Во случај да сите играчи имаат ист број армии во една територија, никој не ја контролира таа територија.

Контрола на континент: секој играч добива 1 поен за секој континтент што го контролира. За да контролира континент, тој треба да контролира најмногу територии од сите играчи на тој континент. Исто како и кај териториите, ако е нерешено, никој не го контролира тој континент.

Трговски добра: ги броите вашите поени од добрата/ресурсите што се наоѓаат на вашите карти како што е опишано погоре.

По броењето, играчот со најмногу поени ја има најмоќната империја и тој е победник! Во случај да е нерешено, победува тој на кој што му останало најмногу злато! Во случај да сакате да играте подолго, дизајнерот препорачува да се играат 3 партии и потоа да се пресмета вкупниот број на поени на секој играч. Исто како и кратката верзија, играчот што има најмногу поени на крај е победникот!

_DSC0040

Како што спомнав, Eight-Minute Empire е брза стратешка игра која која наликува на повеќето игри со освојување територии, но го нема оној агресивен момент каде што се напаѓате со вашите армии и формирате алијанси со други играчи. Дизајнот е солиден, акциите се едноставни но бараат убаво да размислувате бидејќи немате толку време за грешки. Инаку, играта најпрво беше финансирана на популарниот crowdfunding сајт – Kickstarter каде што со помош на околу 1000 поддржувачи собра околу 35.000 долари! Успехот на Kickstarter и кај boardgame заедницата даде простор за уште една игра од истата серија а тоа е Eight-Minute Empire: Legends, која што има скоро идентични правила но различна мапа, карти и тематски е понашминкана. Со тоа што се завршува за брзо време, Eight-Minute Empire влегува во рангот на популарно наречените filler игри или игри за пополнување време. Релативно малата кутија во која што доаѓа е исто така е голем плус за ваква игра бидејќи можете да ја понесете каде сакате. Од искуство можам да кажам дека е идеална за на одмор! 🙂 Секогаш кога се собираме да играме кај некој да играме, оваа игра ми е меѓу другите игри во ранецот. Но без разлика каде и да ја играте, играта ќе ви приреди брза и одлична забава!

-Милан

 

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s