Историја и запознавање

Featured Image

Што е друштвена игра?

Друштвена игра или игра на табла најчесто може да се дефинира како игра кај која што играчите контролираат и мрдаат фигури на мапа или табла, зависно од правилата. Тие можат да бидат чисто стратешки игри, игри на шанса (фрлање коцки) или многу често комбинација од овие два елемента. Во поново време оваа дефиниција е проширена со создавањето на модерни игри со карти, наративни игри и игри со улоги или RPG, скратено од role-playing games.

Историја на друштвените игри

Друштвените игри како облик на забава, постоеле уште од почетокот на цивилизацијата. Низ различни древни цивилизации постоеле различни друштвени игри, кои на некој начин влијаеле на создавањето на новите, модерни игри. Од древните друштвени игри, може да се спомнат Сенет, која потекнува од древниот Египет, потоа Го, стратешка игра од древна Кина, и секако индиската игра Чатуранга, која се смета за претходник на Шахот каков што го знаеме денес.

Game box for playing Senet
Сенет

Одејќи околу 3-4000 години подоцна, како први познати модерни комерцијални друштвени игри може да ги спомнеме Монопол (Моnopoly), која што е издадена во 1930 година и подоцна Ризик (Risk), во 1957. Како претходник на модерните RPG компјутерски игри мора да се спомне Dungeons and Dragons, која што е  издадена во 1974 година и која станала хит поради уникатниот систем на играње, на чија што основа се базираат многу од (RPG) видео игрите денес. Видео игрите како Baldur’s Gate, Neverwinter Nights па дури и World of Warcraft се во голема основа Dungeons and Dragons за на компјутер.

21329
Еден од „правилниците“ за Dungeons and Dragons

Златно Доба

Сега доаѓа најинтересниот дел.  Во последните дваесетина години, еволуцијата на ваквиот тип на забава го има достигнато врвот на своето постоење. Ако ѕирнеме позади комерцијалните џинови како Monopoly, Risk и Dungeons and Dragons, и се загледаме малку подобро, буквално ќе останеме без зборови. Ќе останеме без зборови од огромниот број на игри што се имаат создадено во последните 20 години. The Settlers of Catan и Carcassone се едни од најпознатите игри од ова време кои што се на некој начин вовед во огромниот свет на друштвените игри. Но сепак тие се само мало делче од целата сложувалка. Реномираниот сајт Boardgamegeek кој што воедно е датабаза на која што се регистрирани скоро сите друштвени игри што постојат во светов, брои околу 75.000 регистрирани наслови! Тоа е навистина огромна бројка, а според некоја моја груба проценка, скоро 95% од игрите регистрирани таму се создадени во последните 20тина години!

bgg_logoПознатото лого на Boardgamegeek

Овие работи укажуваат на тоа дека во моментов сме во златното доба на друштвените игри. Секоја година, стотици дизајнери на игри излегуваат со илјадници нови игри на пазарот. Поголемиот дел од овие игри има оригинални механики, фантастичен gameplay, прекрасен графички дизајн, арт и секако, дизајнерски одлуки кои што се нови и оригинални и внесуваат огромна свежина во овој жанр на игри.

Популаризирање на културата

Главните заслуги за популаризирање на културата, покрај што се припишуваат на големите издавачи како што се Fantasy Flight Games, Days of Wonder, Asmodee Games,  Z-Man Games и други, секако, се припишуваат и на модерната технологија, интернетот (Boardgamegeek) и социјалните медиуми.  Специјализираните настани, саеми и конвенции за друштвени игри како што се GenCon во Индијана, Америка и EssenSpiel во Есен, Германија, низ кои поминуваат стотици илјади посетувачи годишно, нудат одлична платформа за промоција на нови игри, дружба со дизајнери на игри, артисти и непознати љубители на овие игри и развој на оваа култура. Во последно време одлично функционира и crowdfunding моделот на издавање на игра, каде што со помош на crowdfunding сајтови како Kickstarter и IndieGoGo, дизајнерите на овие игри можат да соберат средства со помош на заедницата на играчи, за самостојно да го финансираат издавањето на своите игри.

    DSC_0150 DSC_0167 2014-10-18 15.21.51-2

2014-10-16 11.26.30 DSC_0166
Дел од атмосферата на EssenSpiel 2014, низ камерата на 3-члената македонска експедиција

Состојбата кај нас

Но за жал, во Македонија, друштвените игри како начин на забава не се толку популарни. Верувајте, ваков тип на игра не се наоѓа во малата продавничката во вашето маало. Покрај скромната заедница на играчи, најголемата заслуга за одржување на културата на друштвените игри ја има екипата на Гоблин Друштвени Игри. Тоа е единствената продавница во Македонија која што нуди поголем спектар на друштвени игри, покрај оние стандардните што се наоѓаат во супермаркетите низ државава. Затоа се надевам дека со овој сајт, со нашите статии и рецензии, ќе помогнеме да се рашири културата и ќе инспирираме барем некој дел од Вас, читателите, да влезете во убавиот и забавен свет на модерните друштвени игри.

Screenshot_3

Така да, ако сте решиле сега да започнете со ова хоби, сте го одбрале вистинскиот момент! Ако сте од Скопје, појдете до Гоблин Друштвени Игри во ТЦ Буњаковец, одберете ја играта која што ви изгледа најинтересно, играјте ја со вашите другари и најблиски и имајте добра забава!

До наредно читање!
– Милан

Advertisements

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s