Прва рецензија – Arkadia

pic1 „Во една далечна земја, во еден регион полн со природни богатства, доселеници ги поставија темелите на градот познат како Аркадија. Покрај градењето на згради за живеење, тие сакаат да изградат и величенствен замок на еден од ридовите. Четири богати фамилии – Трговците со платно, Трговците со зачини, Дрводелците и Ковачите на сребро сакаат да го подобрат својот престиж и да го променат нивното влијание. За оваа цел, тие се натпреваруваат во големото заедничко градење на грандиозниот замок.“

Автор: Ридигер Дорн
Категорија на игра: (Апстрактна) Стратегија
Поткатегорија: Градење град
Број на играчи: 2 – 4
Ниво на комплексност: 2 (Лесна)
Возраст: 10+
Времетраење: 60 минути
Издавач: Ravensburger, Rio Grande Games
Година на издавање: 2006

Во Arkadia, играчите ги претставуваат архитектите на фамилиите кои што го градат замокот и зградите околу него. Победник во играта е играчот кој на крај заработил најмногу злато од сите. Секој играч на почетокот добива 4 карти од шпилот со згради и 3 човечиња – работници од неговата боја. Играчите исто така добиваат шатор позади кој ги кријат ресурсите и 4 знаменца од нивната боја со кои подоцна можат да купат повеќе работници и да ги претворат заработените печати во злато. Во еден круг, играчот мора да одбере една од двете опции: да изгради зграда со помош на карта или да стави свои работници околу некоја зграда.

279286982_03979a1c47Таблата, работниците и зградите заедно со шаторите на играчите

На секоја од картите има по една зграда со една од четирите бои на печати во играта и специфична форма, која што играчот може да одбере и да ја постави на мапата за градење. Формите на зградите потсетуваат на старата добра игра тетрис, а играчите ја завршуваат градбата на зградите во оној момент кога зградата од сите страни ќе биде обиколена или од работници или од други соседни згради.

pic201227Картите за градење згради

Кога некој играч ќе го заврши градењето на една зграда, заработува печати од соодветната боја колку што имал работници плус еден. Тој исто така при завршување на зграда, автоматски комплетира соба од замокот која дели боја на печат со изградената зграда, и на тој начин ја менува вредноста на печатите. Вредноста на печатите е важна, бидејќи откако ќе ви се насоберат неколку печати од една боја, со помош на знаменце, можете да ги претворите во злато, водејќи се по бројот на соодветни соби изградени во замокот.

Замокот кој што го градат играчитеЗамокот кој што го градат играчите

  Така, се повторуваат круговите се додека не се комплетира вториот кат на замокот. Во тој момент почнува крајот на играта, и играчите имаат уште по еден круг да си довршат дел од замислите што ги имале. Се извршува уште една акција – замена на печати за злато и на крајот победува играчот кој што заработил најмногу злато. Можно е двајца или повеќе играчи да го делат првото место. Arcadia е една од полесните апстрактни стратешки игри, во која играчите треба внимателно да го размислуваат секој свој потег и притоа да гледаат да им „наштетат“ на другите играчи и да извлечат најголема заработувачка за себе. Играта е доволно лесна за да ја сфати и играч без искуство со вакви игри, а за поискусни играчи, две до три партии се сосема доволно за играчот целосно да се запознае со механиките на играта и да сфати што и како треба да се прави во играта. Се на се, Arcadia е лесна игра и добра забава за вашето друштво. Оцена од boardgames.mk: 4

Advertisements

4 thoughts on “Прва рецензија – Arkadia

Напиши коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s